34.8 C
Скопје
16/06/2025 15:53
МАКТЕЛ

   

ПЕНДАРОВСКИ ЗА УСТАВНИТЕ ПРОМЕНИ, ПРОПАГАНДИТЕ, ЕКСТРЕМИСТИТЕ… Претседателот Пендаровски ги „стресе“ пратениците со годишното обраќање

      

„Претседателот Пендаровски посочи дека во јавниот простор, на социјалните мрежи последниве години се водат вистински војни за тоа кој е поголем патриот или предавник и порача дека е крајно време да го редефинираме патриотизмот, кој во една модерна форма, индивидуално и колективно треба да се темели на интегритетот на личноста и лојалноста кон државата“, вели Пендаровски.
Поделбите во македонското национално ткиво за уставните промени се контрапродуктивни за виталноста на нашата кауза. Со одлагање на уставните промени ќе пропуштиме уште една прилика која може да не чини најмалку уште една деценија надвор од интеграциите, а тоа ќе значи помал економски прогрес, полош стандард за граѓаните и поголемо иселување – рече претседателот Стево Пендаровски, денеска во годишното обраќање во македонското Собрание.

Странските пропаганди „одлично“ си ја вршат работата
– Во таа деценија сигурно нема да ги вратиме младите од Канада, Австралија и Нов Зеланд, ниту од новите дестинации на емигратска Македонија – Емирати, Малта, Хрватска или Словенија. Поделбите во македонското национално ткиво за ова прашање се контрапродуктивни за виталноста на нашата кауза. Во таа смисла, обновените странски пропаганди „одлично“ си ја вршат својата работа, практично без прекин, повеќе од еден век, така што нема потреба ние дополнително да копаме за да го продлабочиме јазот меѓу нас – рече претседателот Пендаровски.

   

Тој додаде дека крајно неодговорно е да се игра со чувствата на Македонецот и на темата страв од наводно губење на идентитетските атрибути да се печалат ситни политички поени. Претседателот истакна дека доколку обезличувањето на Македонецот е патот по кој треба да се оди за да се стигне до Унијата, тој не познава некој кој е подготвен да чекори по тој пат.

Потребен е нов, модерен вид патриотизам
Претседателот Пендаровски посочи дека во јавниот простор, на социјалните мрежи последниве години се водат вистински војни за тоа кој е поголем патриот или предавник и порача дека е крајно време да го редефинираме патриотизмот, кој во една модерна форма, индивидуално и колективно треба да се темели на интегритетот на личноста и лојалноста кон државата.

– Патриотизам е кога не ја злоупотребувате функцијата за лично богатење, кога квалификувани лица доаѓаат на чело на институциите. Патриотизам е кога оставате простор вашите политичките противници слободно да го кажат своето мислење, кога покажувате витешки однос кон оние со кои не се согласувате, патриоти се оние кои работат за подобри јавни услуги, подобро образование и здравство, патриотите не ја загадуваат животната средина – рече претседателот Пендаровски во обраќањето во македонското Собрание.

Спрегата на политичарите и судовите е погубна
Претседателот Стево Пендаровски рече дека со години се соочуваме со отпори од повеќе страни при секој обид за суштински реформи во делот на правосудниот систем, а како причина за тоа ја посочи спрегата помеѓу делови од политичката и бизнис заедница со дел од судиите и обвинителите која во изминатите децении создаде атмосфера во која развивме хронична корупција која ја загрозува виталноста на државата.

– За жал, се стекнува впечаток дека САД и Европската Унија се поревносни борци против корупцијата кај нас од нашите институции. Меѓутоа, странските санкции не се доволни, не само затоа што не се проследени со домашни санкции. Имено, ние се соочуваме со многу подлабок проблем, бидејќи корупцијата, во меѓувреме, стана начин на живот за многумина или како што неодамна ја опиша еден странски амбасадор, станува збор за менталитет на луѓето кој мора да се менува – нагласи претседателот Пендаровски.

Нужно е прочистување на судиите, обвинителите, ама прво на политичарите
Тој посочи дека процесите на висока корупција се исклучително бавни и неизвесни, а малубројните успешно завршени судски процеси се ограничени на конкретен временски период, при што, речиси секогаш отсуствува континуитет во акциите на државата, особено по промените на власта на централно или локално ниво.

– Тука, сакам на следниот парламент да му го порачам она што веќе го имам јавно предложено неколку пати: веднаш по изборите да спроведеме прочистување и кај судиите и кај обвинителите, но прво кај нас ‒ политичарите. И за секого, за кого нема логично образложение како со државна плата станал милионер, треба веднаш да следи не само оставка, туку кривична постапка – порача претседателот Пендаровски во обраќањето пред народните пратеници.

Годинава ја завршуваме со најголема тага
Тој посочи дека крајот на 2023 година ни ја донесе најголемата тага во последната деценија и рече дека преку личната трагедија на малата Вања и нејзиното семејство можевме како на дланка да ја видиме целата патологија на македонската транзиција, амбиентот кои сите ние, повеќе или помалку, го создававме во изминативе 32 години.

– Требаше секој од нас, а посебно ние политичарите, многу почесто и погласно да зборуваме против овие појави, наместо да веруваме во моќта на нашиот демократски систем дека ќе може да ги толерира и апсорбира ваквите екстреми. За жал, потфрли и севкупниот општествен систем затоа што во името на некаков погрешно разбран демократски плурализам не ги оневозможи овие индивидуи од натамошно загадување на јавниот простор – констатираше претседателот Пендаровски.

Мора да се магринализираат екстремистите
Претседателот истакна дека механизмите на правната држава едноставно мораат на време да ги санкционираат сите оние кои користат говор на омраза кон политичките противници, кои навредуваат или се закануваат на луѓе од друга вера или нација и порача дека мора да бидат забранети политички партии и невладини организации кои работат спротивно од декларираното во основачките документи и, во суштина, ја злоупотребуваат демократијата како неспорна вредност на модерниот свет.
– Со други зборови, државата мора системски и навреме да ги маргинализира оние кои пропагираат антицивилизациски вредности за да превенираме некои идни убијци кои освен наши граѓани, деца, возрасни или старци, можат повторно да ја убијат и нашата колективна совест – рече претседателот Пендаровски во обраќањето.

   

Најново

Седумчлена делегација од Шведска што поминала низ слична трагедија доаѓа на помош во Кочани

Sase Ivanovski

Наградуваниот перформанс „Сексуално образование II: Борба“ за првпат во Скопје, во рамки на ПРВО ПА ЖЕНСКО 13

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ХАОС ВО ИРАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА Жителите масовно го напуштаат Техеран по израелските напади

Sase Ivanovski

Од ЗОО Скопје потврдија дека е угината мајмунка, но демантираат дека била бремена

Sase Ivanovski

Директорот на Царина: Изготвивме нов Царински закон

Sase Ivanovski

Аксиос: Трамп и Зеленски ќе се сретнат на самитот на Г7

Sase Ivanovski

СЕ УРНАА ДВА БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА Едно лице загина, а десетина се повредени во страшната несреќа

Sase Ivanovski

ВОЗАЧ СО 2,57 ПРОМИЛИ УДРИ ВО ПАРКИРАНО ВОЗИЛО Приведен скопјанец во Аеродром, ќе одговара кривично

Sase Ivanovski

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување на горивата

Sase Ivanovski

Трипуновски до граѓаните: Бидете горди амбасадори на македонските земјоделски производи, така инвестирате во иднината на нашите села и нашите општини

Sase Ivanovski

АЗЕСКИ: Заедно кон целта

Sase Ivanovski

ОД ОБИЧНИ МОМЧИЊА ДО ВЕЧНИ ХЕРОИ Одбележана 82-годишнина од стрелањето на 12 младинци од Ваташа

Sase Ivanovski

Лишени од слобода три лица од Тетово и тетовско, управувале возило со брзина поголема од максимално дозволената

Sase Ivanovski

ДЕРАЛА: Две години без Крешник

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Град Скопје го предводи регионот со проектот за пречистителна станица за отпадни води, иако започна во исто време со градовите во регионот како Подгорица, Приштина и Бања Лука, е во најнапредна фаза на изградба на новата пречистителна станица за отпадни води, најголемиот еко-капитален проект во регионот

Sase Ivanovski

Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот

Sase Ivanovski

(Видео) Герасимовски нуди конкретни решенија за поквалитетен живот на дебармаалци

Sase Ivanovski

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во државата, тоа се должи на професионалноста и неселективноста во примена на законските процеси

Sase Ivanovski

ЗЕМЈОТРЕС ВО ОХРИД И ОКОЛИНАТА Засега нема информации за евентуални штети

Sase Ivanovski

Зошто нема видеа од напади врз израелски воени објекти: ИДФ забрани објавување на социјалните мрежи

Sase Ivanovski

Во Штипско пронајдени коски налик на човечки

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Аеродромот во Тел Авив во пламен, жестоки удари низ целата земја

Sase Ivanovski

Трамп очајно сака да избегне војна со Иран, но дали навистина може?

Sase Ivanovski

Инженери на Северна Македонија: Ниту една државна институција нема увид во конфигурациските параметри на броилата 

Sase Ivanovski

Трамп пристигна на Самитот на Г7 во Канада

Sase Ivanovski

Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега

Sase Ivanovski

ПРВА СРЕДБА НА ГУВЕРНЕРОТ СО БАНКАРИТЕ Славески бил информиран и за подготвеноста на банките за пристапување во СЕПА

Sase Ivanovski

УАПСЕН Е ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА ПУКАЊЕТО ВО МИНЕСОТА Уби конгресменка и рани сенатор

Sase Ivanovski

Капацитет за апсорбирање омраза

Sase Ivanovski

Кац: Жителите на Техеран наскоро ќе ја платат цената

Sase Ivanovski

Нова нафтена криза на повидок? AДАК ги советува Германците да ги наполнат резервоарите

Sase Ivanovski

Герасимовски: Улицата Дебарца наскоро со нов лик за побезбедно движење

Sase Ivanovski

Трамп нареди проширување на мерките за притворање и депортација на мигранти низ САД

Sase Ivanovski

Руската амбасада ги евакуира Русите од Иран по копнен пат

Sase Ivanovski

Земјотрес во Македонија, регистриран предмалку во западниот регион

Sase Ivanovski

Шестмина возачи уапсени за безобѕирно возење викендов низ Македонија!

Sase Ivanovski

(Видео) ПСЖ лесно против Атлетико Мадрид на стартот клупскиот Мундијал

Sase Ivanovski

Алиу: Дисперзија на онколошки услуги и дигитализација – приоритети во здравството

Sase Ivanovski

Црни луѓе

Sase Ivanovski

„ПУТИН МИ СЕ ЈАВИ, СПРЕМЕН Е, ДОЛГО РАЗГОВАРАВМЕ ЗА ТОА“ Трамп е отворен за идејата рускиот претседател да ги смири Израел и Иран

Sase Ivanovski

Правна дилема: Дали Османи и Димитров имале овластување да потпишуваат протоколи со Бугарија во врска со Францускиот предлог?

Sase Ivanovski

НАЈДЕНИ СЕ 5 НОВИ КАМЕНИ ГРОБНИЦИ ОД ВРЕМЕТО НА КРАЛЕВИТЕ ФИЛИП ПЕТТИ И ПЕРСЕЈ Археолозите го откриваат древниот погребен свет на Маркови Кули

Sase Ivanovski

Без мигранти ЕУ ќе го обере бостанот

Sase Ivanovski

Поради прилив на поладен воздух од север на висина, од вторник (17 јуни) во нашата Македонија ќе дојде до делумно дестабилизирање на атмосферата и создавање на услови за локален развој на грмотевични конвективни облаци, од кои очекувам појава на краткотрајни, но поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност. Во ваква ситуација, можна е и локална појава на град, вели метеорологот Славчо Попоски. Тој вели дека што се однесува до времето во Скопскиот регион, исто така, од вторник (17 јуни) во попладневните часови можна е појава на краткотраен локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. „Што се однесува до температурите, тие остануваат релативно пријатни и не премногу високи, па тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени. Во Скопје и околината температурата во следниот период ќе се искачува во интервалот помеѓу 33 и 35 степени. На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/“, напиша тој.

Sase Ivanovski

ПРИЛИВ НА ПОЛАДЕН ВОЗДЗУХ ОД СЕВЕР: Промена на времето од денес

Sase Ivanovski

БОГДАНОВИЌ: Деновиве актуелна тема по електронските медиуми е затворање на улиците во Дебар Маало за динамичен сообраќај и претворање на улиците во пешачки и велосипедски патеки

Sase Ivanovski

РУСИЈА Ѝ ПРЕДАДЕ УШТЕ 1.200 ТЕЛА НА УКРАИНА Москва не добила ниеден загинат руски војник за возврат

Sase Ivanovski

Седумдесет и осумгодишниот планинар Стојанче Костовски викендов се искачи на Олимп

Sase Ivanovski

406 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО ИЗРАЕЛСКИТЕ НАПАДИ ВРЗ ИРАН, МЕЃУ НИВ И 14 НУКЛЕАРНИ НАУЧНИЦИ Главниот град Техеран е честа мета на удари

Sase Ivanovski

Иранскиот парламент го одобри договорот за стратешко партнерство со Русија

Sase Ivanovski

Ердоган: Турција сака да биде посредник во решавањето на спорот меѓу Иран и Израел

Sase Ivanovski

Шефот на иранската разузнавачка служба убиен во израелските напади

Sase Ivanovski

Германската полиција ќе користи алтернативни оружја против вооружени напаѓачи

Sase Ivanovski

Во завршна фаза проширувањето на 400 киловолтниот далновод помеѓу Албанија и Македонија

Sase Ivanovski

Асистентот на Диди откри што му купувал на раперот за „кралските ноќи“: Кондоми, лубриканти, мед…

Sase Ivanovski

Демонстрации против Израел во Хаг и Брисел

Sase Ivanovski

Иранците ја гаѓале и приватната резиденција на Нетанјаху

Sase Ivanovski

ТАЈНАТА ЗА ДОЛГ ЖИВОТ БИЛО ДА ЈАДЕМЕ ЈАЈЦА, МРСНА МОРСКА РИБА И МНОГУ КАФЕ

Sase Ivanovski

БОГОЈЕСКИ: СРАМОТА Е ДА СЕ РАДУВАМЕ НА БОМБИТЕ ШТО ПАЃААТ ВРЗ ИЗРАЕЛ

Sase Ivanovski

ДАНЕЛА ЈА ПРАШАА НА ФЕЈСБУК ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

Sase Ivanovski

Израелците соборија ирански ракети надвор од атмосферата вечерва, погледнете го видеото

Sase Ivanovski

За три до четири недели треба да заврши реконструкцијата на одделението за физикална терапија во кочанската болница, вели директорката

Sase Ivanovski

ИРАН: СОБОРИВМЕ ИЗРАЕЛСКИ Ф-35

Sase Ivanovski

НАМЕСТО ДА ГИ КРЕНЕ ТРКАЛАТА, ТОЈ СЕ ФАТИЛ ЗА РАЧКАТА ЗА ПРОДОЛЖЕНИТЕ КРИЛА: ФАТАЛНА ГРЕШКА НА КОПИЛОТОТ НА ИНДИСКИОТ АВИОН НАЈВЕРОЈАТНА ПРИЧИНА ЗА КАТАСТРОФАТА НА ЛЕТОТ ЗА ГЕТВИК

Sase Ivanovski

ЗЕЛЕНСКИ: НАПАДОТ НА ИЗРАЕЛ НАД ИРАН ЌЕ И ПОМОГНЕ НА РУСИЈА ПОРАДИ РАСТОТ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Sase Ivanovski

ВО УКРАИНА ПОЧНА СУДЕЊЕТО НА РУСКИОТ ВОЈНИК ОБВИНЕТ ЗА ЕГЗЕКУЦИЈА НА УКРАИНСКИ ЗАРОБЕНИЦИ, МУ СЕ ЗАКАНУВА СМРТНА КАЗНА

Sase Ivanovski

Магдебург ја освои титулата во ракометната Лига на шампионите

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВУЧИЌ ВО ПАРК: Време е да ги подобрам физичките карактеристики, да бидам малку помалку дебел

Sase Ivanovski

Доминација на македонскиот кајакар Ане Петрушевски во Европскиот куп

Sase Ivanovski

Гатузо како селектор на Италија ќе дебитира против Естонија

Sase Ivanovski

Македонските граѓани и натаму се изложени на трошоци за зелениот картон

Sase Ivanovski

Пронајдена и втората црна кутија од авионот на „Ер Индија“ што се урна во Ахмедабад

Sase Ivanovski

ЗМЕП Трајков од Меѓународната научна конференција за ЕУ во Дубровник: Патот до ЕУ не е лесен, да покажеме дека припаѓаме во Европа

Sase Ivanovski

Ројтерс: Трамп не му дозволил на Израел да го убие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи

Sase Ivanovski

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетници ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Sase Ivanovski

Полицајци нападнати во кафуле во 3 часот по полноќ

Sase Ivanovski

Проданоски: Владата направи меѓународни чекори што оваа држава не памети за толку краток временски период

Sase Ivanovski

КОМПАС: Мониторинг на Владините ветувања 2024–2028, наоди од првата година

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАКИМОВСКИ: Општината обезбеди нови ПП апарати за сите училишта и градинки

Sase Ivanovski

ОВИЕ ЗЕМЈИ ЕКОНОМСКИ ЌЕ ВЛАДЕАТ СО СВЕТОТ ДО 2039 ГОДИНА: На листата има и изненадувања

Sase Ivanovski
Вчитувам....