Тој додаде дека нашата земја станала земја членка на НАТО поради безбедносни причини.
-Во делот на правната процедура за Референдумот за промена на името, условите тука не беа исполнети. Од безбедносниот аспект, од аспект на Алијансата, од аспект да се направи конечно таа линија контра Русија пред да ја почне војната. Западен Балкан не беше интегриран во ЕУ, и велеа би било добро што е можно повеќе држави да влезат во НАТО. Постоеше ургентен безбедносен аспект. После последиците од руската инвазија во Украина, се гледа добро дека тогаш сме влегле во НАТО Алијансата политички на тој начин, потенцираше Пендаровски.