Сепак, не е сѐ така. Еве се најавува коридорот 10 кој е стратешки проект од голема важност за државата…
Неспорно е тоа, меѓутоа и Коридорот 8 и 10 имаат голема стратешка димензија. Ако се сеќавате и унгарските и нашите и српските претставници велат дека со Коридорот 10, кој не е Солун- Скопје, туку Солун-Будимпешта, велат дека со тоа се прави единствен економски регион. Економски регион со Србија- држава која не е членка на НАТО, и Унгарија која е на пат да го изгуби правото на глас во ЕУ. Тука мене ми дава за право дека веќе сега има мали отклони кон држави и системи кои не се премногу демократски.
Јас мислам дека заради тоа се инсистира на изградба на коридорот 10. Немојте да заборавите дека нашите високи претставници во изминатите 4-5 месеци имаа пет пати повеќе средби со Сијарто и со Орбан, одошто со било кои други европски претставници заедно.