Силјановска-Давкова призна дека имала фри шоп на преминот Јажинце кој го добила од колега-министер во тогашната влада, порача Пендаровски од митингот во Штип на прашање на граѓанин.
„И јас и новинарот ја прашавме противкандидатката за бизнисот на нејзиниот сопруг на преминот Јажинце и никако не можеме да ја утврдиме вистината. Најпрво, половина саат негира дека имала, за после тоа да признае дека добила дозвола од нејзин колега-министер во тогашната влада. Дојдовме до таму да не можеме да ја утврдиме вистината затоа што една професорка избегнува да ги изложи фактите“, изјави кандидатот за претседател Стево Пендаровски.
„Силјановска-Давкова призна дека имала фри шоп, но вели дека немало профит. На крајот ќе почнете и да ги сожалувате затоа што тој граничен премин не бил многу фреквентен, па ќе помислите дека луѓето работеле во минус со тој бизнис“, заклучи Пендаровски.