Противкандидатката на Стево Пендаровски во вториот круг, Гордана Силјановска-Давкова во вечерашниот ТВ дуел на Канал 5 телевизија изнесе низа националистички и антиалбански ставови.Силјановска-Давкова како и претходно, остана на ставовите за ревизија на Охридскиот рамковен договор и против социјална кохезија во македонското мултиетничко и мултикултурно општество.
Противкандидатката Силјановска-Давкова се обиде да ја заплаши јавноста за некакви сознанија за наводни групи кои би правеле инциденти на изборниот ден.Понатаму, таа најави дека ќе се залага за формирање на експертска група која ќе ги проучува недостатоците во Уставот, осврнувајќи се на етничките права.Силјановска-Давкова и на крајот од кампањата не се откажа од нејзината националистичка реторика каква што впрочем има и партијата чијашто кандидатка е, односно ВМРО-ДПМНЕ.