Во реплика на Силјановска, тој и посочи дека зачудуваат изворите коишто редовно ги цитира неговата противкандидатка, мислејќи на БГНЕС.„БГНЕС е новинска агенција формирана и контролирана од бугарската тајна полиција. Морате ли нив да ги цитирате? Нема ли бугарски медиуми кои се далеку порелевантни. Зошто бугарската УДБА ја цитирате? Тоа е исто да ми речете Џамбаски што рекол“, праша Пендаровски.