Kандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски вели дека е запрепастен од сознанието на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска која знае дека во ДУИ има поделби.„Мене ме запрепастува сознанието на Гордана Силјановска која знае дека внатре во ДУИ има поделба. Како ги обезбедила тие информации? Со прислушкување, со доушници во таа партија? Јас на пример немам никаков податок што се случува внатре во ДУИ“, вели Пендаровски за ТВ21.Силјановска Давкова рече дека во ДУИ дел се за бојкот, дел се против.