74-годишен жител на скопската општина Карпош вчера е уапсен откако двајца негови соседи го пријавиле дека бил агресивен кон нив и им се заканувал со остар предмет, соопшти МВР.
„На 29.01.2025 во 15:20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(74) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11.50 часот агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на неговите соседи В.Н.(40) и З.С., двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.