25.8 C
Скопје
19/05/2024 19:34
МАКТЕЛ

  

     

 

ПЕНОВ: Скопје 2014-та е втора милијарда долари фрлена во ветар, првата фрлена милијарда беше градењето на ФЕНИ во 70-тите

      

Скопје 2014-та е фрлена милијарда евра во ветар, последиците ќе ги плаќаме со децении, со тие пари можевме да направиме метро, Чебрен хидроцентрала, уште еден ТЕТО… Но ова нас не ми е прв пат да се изглупираме, во 70-тите Тито ни даде на Македонците 1 милијарда долари од кредитите кои ги земаше а ние наместо да ги вложиме во развој на земјоделието и енергетиката ние ги лупнавме во ФЕНИ од кој никогаш аир не видовме како држава… Троши струја како црна дупка, РЕК Битола ја труеше Битола со децении за да го задоволи ФЕНИ, додека ФЕНИ го труеше Кавадарци и уште го труе и работи со загуба, никогаш не направи профит…

   

Пенов на Канал 5 во Само Вистина. Во оваа насока, колумна на поранешниот дипломат Коста Стоименовски:

 

Из­град­ба­та на ФЕНИ бе­ше го­лем ап­сурд! (По­вод: Два­та на­пи­си на по­ра­неш­ни­от ге­не­ра­лен ди­ре­ктор на ФЕНИ, г-дин Цве­тко Сто­ја­нов)

   

     

Со вни­ма­ние ги про­чи­тав два­та на­пи­си на по­чи­ту­ва­ни­от по­ра­не­шен ге­не­ра­лен ди­ре­ктор на ФЕНИ, г. Цве­тко Сто­ја­нов, кои не­о­дам­на беа об­ја­ве­ни во вес­ни­кот „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. Мно­гу е до­бро и по­уч­но тоа што авто­рот на два­та на­пи­си се освр­ну­ва на „го­ле­ма­та исто­ри­ја на ФЕНИ“, за ко­ја ве­ли де­ка нај­че­сто е кон­тро­верз­на и апе­ли­ра иста­та да не се по­вто­ри!

Од по­че­то­кот на 1968 до август 1970 го­ди­на ра­бо­тев во Ре­пуб­лич­ки­от за­вод за оп­штес­тве­но пла­ни­ра­ње на СРМ. Ток­му во тоа вре­ме се од­лу­чу­ва­ше за из­град­ба­та на ФЕНИ. Со вни­ма­ние ги сле­дев на­ста­ни­те око­лу из­град­ба­та на овој ме­га­про­ект. Во тоа вре­ме се ши­ре­ше при­каз­на­та за ела­бо­ра­ти­те на два ру­дар­ски ин­сти­ту­ти од Ср­би­ја (Бел­град и Бор) за еко­ном­ска­та (не)оправ­да­ност на из­град­ба­та на ФЕНИ. Се збо­ру­ва­ше де­ка ед­ни­от ин­сти­тут до­шол до зак­лу­чок де­ка по­ра­ди ма­ла­та со­др­жи­на на фе­ро­ни­кел во ру­да­та, ФЕНИ не мо­же рен­та­бил­но да ра­бо­ти! Дру­ги­от ин­сти­тут, пак, дал спро­тив­но мис­ле­ње и та­ка се „ро­ди“ ФЕНИ!

Глав­ни­от про­та­го­нист за из­град­ба­та на ФЕНИ, кој во тоа вре­ме бе­ше мош­не мо­ќен по­ли­ти­чар, ус­пеа да ја на­ту­ри из­град­ба­та на овој ме­га­про­ект. Се ци­ти­раа не­го­ви­те из­ја­ви: „Ко­га ќе про­ра­бо­ти ФЕНИ, Ма­ке­до­ни­ја не тре­ба да из­ве­зу­ва ни­што дру­го!“ За из­град­ба­та на ФЕНИ беа по­тро­ше­ни 650 ми­ли­о­ни аме­ри­кан­ски до­ла­ри, кои беа обез­бе­де­ни од стран­ски кре­ди­ти! Во тоа вре­ме тоа бе­ше бас­нос­лов­на су­ма! За транс­порт на ру­да­та од руд­ни­кот „’Ржа­но­во“ до Ка­ва­дар­ци бе­ше по­ста­ве­на гу­ме­на лен­та дол­га око­лу 30 км! Да­ли оваа лен­та во­оп­што про­функ­ци­о­ни­ра и кол­ку дол­го? Во сог­лас­ност со соз­на­ни­ја­та, во пос­лед­но вре­ме, ру­да за по­тре­би­те на ФЕНИ се уве­зу­ва­ла од Ин­до­не­зи­ја, Ал­ба­ни­ја и Гва­те­ма­ла!? Се уве­зу­ва ру­да, се уве­зу­ва стру­ја, се тру­па­ат дол­го­ви, енорм­но се за­га­ду­ва око­ли­на­та, а се­то тоа за­ра­ди вра­бо­ту­ва­ње­то на 700-800 лу­ѓе и биз­нис-ин­те­ре­си­те на не­кои ма­ке­дон­ски про­фи­те­ри!?

Во вре­ме­то ко­га се гра­де­ше ФЕНИ се твр­де­ше де­ка ком­би­на­тот мо­же да ра­бо­ти са­мо до­кол­ку ми­ни­мал­на­та це­на на ни­ке­лот би­де 7.000 до­ла­ри/тон. Ме­ѓу­тоа, це­ни­те на ни­ке­лот на бер­зи­те по­сто­ја­но ва­ри­раа и се дви­жеа од 5.000, па до 20.000 до­ла­ри, та­ка што ком­би­на­тот, но и СРМ беа из­ло­же­ни на по­сто­ја­ни не­из­вес­но­сти и се со­о­чу­ваа со се­ри­оз­ни проб­ле­ми око­лу по­кри­ва­ње­то на че­сти­те за­гу­би во ра­бо­те­ње­то на ФЕНИ, снаб­ду­ва­ње­то на ком­би­на­тот со стру­ја и со ру­да и слич­ни проб­ле­ми!

По по­дол­го­то не­ра­бо­те­ње, во про­лет­та 1991 го­ди­на ме­ди­у­ми­те об­ја­ви­ја де­ка ФЕНИ ќе би­де ре­стар­ти­ран. Тоа бе­ше по­вод да на­пи­шам мош­не оп­ши­рен на­пис во кој ка­те­го­рич­но се спро­тив­ста­вив на од­лу­ка­та за ре­стар­ти­ра­ње на ФЕНИ и исти­от го пра­тив до „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“. На­пи­сот бе­ше об­ја­вен во сре­да, да­та­та не ја пом­нам, и по те­ле­фон од Бел­град изра­зив не­го­ду­ва­ње по­ра­ди тоа што од на­пи­сот беа изо­ста­ве­ни нај­важ­ни­те де­ло­ви. На­ред­ни­от ден до­па­ту­вав во Скоп­је и оти­дов во ре­дак­ци­ја­та на вес­ни­кот. До­де­ка раз­го­ва­рав­ме со уред­ни­кот на ру­бри­ка­та Пис­ма, по те­ле­фон се ја­ви ше­фот на ка­би­не­тот на пре­ми­е­рот Кљу­сев, г. Ду­шко Сто­ја­нов, со кој се зна­ев­ме од прет­ход­но. Спом­на­ти­от уред­ник му ка­жа де­ка сум кај не­го и ми го да­де те­ле­фо­нот да се слуш­нам со не­го. Г. Сто­ја­нов ми ре­че де­ка пре­ми­е­рот са­ка да раз­го­ва­ра со ме­не и вед­наш ми за­ка­жа тер­мин за оваа сред­ба.

Од „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ оти­дов на сред­ба со пре­ми­е­рот. Отка­ко се поз­дра­вив­ме, го пра­шав пре­ми­е­рот кој до­не­се од­лу­ка за ре­стар­ти­ра­ње­то на ФЕНИ и зо­што? На мо­и­те пра­ша­ња пре­ми­е­рот Кљу­сев са­мо­у­ве­ре­но ре­че де­ка „лич­но тој ја до­нел од­лу­ка­та за да им по­ка­же на Ср­би­те де­ка Ма­ке­дон­ци­те мо­жат са­ми да од­лу­чу­ва­ат!“ Ме за­мо­ли да му го до­ста­вам тек­стот на ин­те­грал­ни­от на­пис што го ис­пра­тив до „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ и да му до­ста­вам но­ви ар­гу­мен­ти про­тив ре­стар­ти­ра­ње­то на ФЕНИ. По не­кол­ку де­на, на г. Сто­ја­нов му пре­да­дов ко­пи­ја од мо­јот ин­те­гра­лен на­пис за­ед­но со до­пол­ни­тел­ни ар­гу­мен­ти про­тив ре­стар­ти­ра­ње­то на ФЕНИ. Се­пак, ФЕНИ бе­ше ре­стар­ти­ран, а „ре­зул­та­ти­те“ од ва­ква­та од­лу­ка се оп­што­поз­на­ти!

Во по­ве­ќе на­вра­ти пи­шу­вав де­ка во вре­ме­то на со­ци­ја­лиз­мот, по­ли­ти­ка­та, на­у­ка­та и обра­зо­ва­ни­е­то во СРМ ши­реа фа­ма де­ка Ма­ке­до­ни­ја е мош­не бо­га­та со при­род­ни, ми­не­рал­ни и енер­гет­ски ре­сур­си и на ос­но­ва на ва­кви­те заб­лу­ди бе­ше за­цр­та­на и спро­ве­ду­ва­на це­лос­но по­греш­на раз­вој­на стра­те­ги­ја, ко­ја бе­ше на­со­че­на на из­град­ба на ме­га­про­е­кти! За жал, ва­ква фа­ма се ши­ри и се­га со „руд­ни­ко­ма­ни­ја­та“, од­нос­но со фор­си­ра­ње­то да се отво­рат не­кол­ку руд­ни­ци во ју­го­и­сточ­на Ма­ке­до­ни­ја, ре­ги­он кој е поз­нат ка­ко нај­а­гра­рен во др­жа­ва­та! Фор­си­ра­ње­то за отво­ра­ње на овие руд­ни­ци, без ка­кви би­ло из­др­жа­ни ела­бо­ра­ти, во 21 век и по искус­тво­то со ва­кви слич­ни ме­га­про­е­кти е го­лем ди­ле­тан­ти­зам на ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри!

Од раз­го­во­рот што го имав во 1984 го­ди­на со по­ра­неш­ни­от ди­ре­ктор на Фа­бри­ка­та за авто­мо­би­ли (ТАМ) од Ма­ри­бор, г-ди­нот Ја­нез Стер­ни­ша, кој во тоа вре­ме бе­ше по­сто­јан прет­став­ник (ам­ба­са­дор) на СФРЈ при Со­ве­тот за за­ем­на еко­ном­ска по­мош (СЕВ) во Мос­ква, доз­нав за ус­пеш­на­та „при­каз­на“ за Сло­ве­ни­ја, ко­ја при­до­не­се оваа се­га са­мо­стој­на др­жа­ва од ООН да би­де прог­ла­се­на за нај­о­држ­ли­ва зем­ја во све­тот! Со­го­вор­ни­кот ќе го ци­ти­рам по се­ќа­ва­ње: „Ние, Сло­вен­ци­те на­пра­вив­ме го­лем гаф со ме­га­про­е­ктот „Га­си­фи­ка­ци­ја на јаг­лен од Ве­ле­ње“. За­луд­но по­тро­шив­ме мно­гу па­ри, и на со­ста­нок на над­леж­ни­те др­жав­ни ор­га­ни, Сто­пан­ска­та ко­мо­ра, оп­штес­тве­но-по­ли­тич­ки­те ор­га­ни­за­ции и Ака­де­ми­ја­та на на­у­ки­те, до­не­сов­ме од­лу­ка по­ве­ќе во Сло­ве­ни­ја да не се гра­дат ме­га­про­е­кти, а раз­во­јот да се на­со­чи на из­град­ба на фа­бри­ки во се­кое на­се­ле­но ме­сто, кои ќе про­из­ве­ду­ва­ат сто­ки за 22 ми­ли­о­ни жи­те­ли на Ју­гос­ла­ви­ја и за из­воз во стран­ски зем­ји. На­сел­би­те тре­ба да се уре­дат со си­те по­треб­ни ин­фра­стру­ктур­ни об­је­кти (ам­бу­лан­ти, па­ти­шта, ка­на­ли­за­ции, шко­ли и слич­но) и на тој на­чин соз­да­дов­ме ус­ло­ви за ус­пе­шен ре­ги­о­на­лен раз­вој и ја спре­чив­ме мож­но­ста за пре­на­се­лу­ва­ње на Љуб­ља­на, ко­ја се­га има ист број жи­те­ли кол­ку што има­ше по Вто­ра­та свет­ска вој­на“.

Тоа по­ка­жу­ва де­ка Сло­вен­ци­те се­ко­гаш има­ле др­жав­ни­ци на кои ин­те­ре­сот на др­жа­ва­та им е на пр­во ме­сто! Ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри не мо­раа да из­мис­лу­ва­ат „топ­ла во­да“, ту­ку ед­но­став­но тре­ба­ше да сле­дат што пра­ват Сло­вен­ци­те, да учат од нив и да го при­ме­нат нив­ни­от раз­во­ен мо­дел! Во сре­ди­на­та на осум­де­сет­ти­те го­ди­ни од ми­на­ти­от век, за ам­ба­са­дор на СФРЈ во Ки­на бе­ше име­ну­ван Сло­ве­не­цот, Зво­не Дра­ган, кој во скло­пот на под­го­то­вки­те за вр­ше­ње на оваа долж­ност ја по­се­ти и Ма­ке­до­ни­ја. Во ме­ди­у­ми­те бе­ше об­ја­ве­на ин­фор­ма­ци­ја де­ка ам­ба­са­до­рот Дра­ган бил за­мо­лен од ма­ке­дон­ски­те вла­сти да се оби­де да нај­де парт­нер во Ки­на кој би ја ку­пил опре­ма­та на ФЕНИ. До­кол­ку ус­пе­е­ше да го про­да­де ФЕНИ на Ки­не­зи­те, Ма­ке­до­ни­ја де­фи­ни­тив­но ќе се ос­ло­бо­де­ше од проб­ле­ми­те и ма­ки­те, што по­ве­ќе од по­ло­ви­на век ги има со овој ап­сур­ден ме­га­про­ект!

Ме­ѓу­тоа, се­кој пат ко­га ФЕНИ ќе за­пад­не во криз­ни си­ту­а­ции, се на­о­ѓа­ат по­ли­ти­ча­ри кои, во­деј­ќи сме­тка за сво­и­те лич­ни и/или биз­нис-ин­те­ре­си, на­сто­ју­ва­ат по се­ко­ја це­на да го спа­су­ва­ат овој ме­га­про­ект! Ја ко­ри­стам оваа при­го­да да упа­там апел до ма­ке­дон­ски­те по­ли­ти­ча­ри и еко­но­ми­сти ед­наш за­се­ко­гаш да раз­бе­рат де­ка од бер­зан­ски­те сто­ки, со ма­ни­пу­ла­ции со нив­ни­те це­ни, „кај­ма­кот“ го со­би­ра­ат ме­ѓу­на­род­ни­те кор­по­ра­ции, а проб­ле­ми­те ги оста­ва­ат на зем­ји­те-про­из­во­ди­те­ли на бер­зан­ски­те сто­ки! Кој и зо­што доз­во­ли оној ма­ни­пу­ла­тор од Ка­зах­стан или од Азер­беј­џан да на­тру­па дол­го­ви на ФЕНИ од 65 ми­ли­о­ни евра и да из­бе­га од Ма­ке­до­ни­ја? Во ид­ни­на, Ма­ке­до­ни­ја не би сме­е­ла да си доз­во­ли та­кви ап­сур­ди ка­ко што е слу­ча­јот со ФЕНИ! Впро­чем, ва­ков апел упа­ту­ва и по­ра­неш­ни­от ге­не­ра­лен ди­ре­ктор на ФЕНИ!

Во по­ткре­па на овие апе­ли ќе на­пра­вам спо­ред­ба на зем­ји­те од Афри­ка и од Ју­го­и­сточ­на Ази­ја. Поз­на­то е де­ка Афри­ка е кон­ти­нент кој е нај­бо­гат со ми­не­рал­ни ре­сур­си, но и тоа де­ка ток­му афри­кан­ски­те зем­ји се нај­не­раз­ви­е­ни, а нив­ни­те гра­ѓа­ни то­нат во бе­да и си­ро­ма­шти­ја! Од експ­ло­а­та­ци­ја­та на бо­гат­ства­та од Афри­ка са­мо ме­ѓу­на­род­ни­те кор­по­ра­ции ос­тва­ру­ва­ат бас­нос­лов­ни про­фи­ти! Зем­ји­те од Ју­го­и­сточ­на Ази­ја, пак, се мош­не си­ро­маш­ни со ми­не­рал­ни и енер­гет­ски ре­сур­си, но бла­го­да­ре­ние на нив­ни­те па­мет­ни еко­ном­ски стра­те­гии и по­ли­ти­ки, иск­лу­чи­тел­но ква­ли­тет­но­то обра­зо­ва­ние и по­све­те­на­та и на­пор­на ра­бо­та на ра­бот­ни­ци­те овие зем­ји бе­ле­жат мош­не ди­на­ми­чен раз­вој, што при­до­не­се да се здо­би­јат со епи­те­тот „ази­ски еко­ном­ски ти­гри“. Овие зем­ји, за­ед­но со Ки­на, се­га се ли­де­ри на че­твр­та­та ин­ду­стри­ска ре­во­лу­ци­ја, по­точ­но на ин­фор­ма­тич­ка­та тех­но­ло­ги­ја!

Ко­ста Сто­и­ме­нов­ски, м-р по ме­ѓу­на­род­ни еко­ном­ски од­но­си

ФЕНИ од Кавадарци – еден од најпрофитабилните во Европа!

(повод: написот „Изградбата на ФЕНИ беше голем апсурд!“ од г. Коста Стоименовски)

Јас сум редовен читател на вашиот ценет весник од ослободувањето (со мојот татко) па до денес. Повод за ова мое директно јавување до вас е писмото на г. Коста Стоименовски, отпечатено на стр. 9 на 6.6.2019 г. во „Нова Македонија“, поврзано со изградбата на ФЕНИ. Имено, ги почитувам честите јавувања на г. Коста Стоименовски, но не се согласувам со многу нешта тенденциозно изнесени во писмото.

ФЕНИ не е „апсурд“, а во тој дух е наполнет написот на г. Стоименовски!

Ова што следува е најблиску до вистината! Подолу напишаното го тврдам бидејќи бев еден од клучните луѓе во неговата изградба. Имено, бев главен проектант на изведувачките проекти на ФЕНИ и директор на капиталната изградба.

При крајот на изградбата, првиот човек на ФЕНИ, Никола Минчев, (кого К.С. не го именува, но става назив „главниот протагонист за изградба на ФЕНИ…“) ми се обрати: „Инженер Цони направи сѐ што е можно, што поскоро да се пушти во погон ФЕНИ“! Притоа тој додаде дека до овој ден, цената на фероникелот на светската берза долго време е на ниво 8.000 американски долари по тон, вкупnиот износ на трошоци е 6.000 долари по тон.

Шест месеци потоа (на крајот на 1981 година) ФЕНИ го најави својот почеток. Одеднаш се наиде на голем отпор во извршната власт. Во тоа време имаше криза во електроенергијата. Така што плански во одредени реони (градови) се прекинуваше дотурот на електроенергијата. ФЕНИ како голем потрошувач несреќно се најде во тешка ситуација, и полека добиваше третман на некаков „бауч“!

Оваа состојба владееше до крајот на 1982 година, кога стигна голем аларм од светските берзи на фероникел, дека истиот тој е стрмоглаво во пад, така што во тој период падна најниско во својата историја – 3.300 долари по тон! Конечно, тогашниот естаблишмент на СРМ, влезе со конечна пресметка да се уништи „озлогласениот загубар“ ФЕНИ! Во Собранието на СРМ се донесе одлука за целосно распуштање на сите вработени од ФЕНИ; да се ангажираат сите органи за истрага и гонење за злоупотреба на својата должност од работата во ФЕНИ.

Се бараше да се ликвидира ФЕНИ, да се урнат постројките и да се продаде сѐ како старо железо, притоа одговорните да се дадат на суд! Во тоа време сите што беа на чело на ФЕНИ, веќе беа ставени преку медиумите на столбот на срамот не само во Македонија туку и пошироко. Настанува мачен период кога ФЕНИ е ни небо ни на земја, кој траеше доста долго.

Во 1988 година при службена посета на САД на ген. директор на една мала железарница „Дуги Рат“ (кај Омиш во Далмација), од страна на американски експерти му е речено, дека сме будали ние Југословените! Имено, на берзата тие забележале стравотен пресврт во позитивна насока на цената на светските берзи на фероникел, така што во тој миг таа достигнала 12.000 долари по тон, со изгледи да продолжи месечно да се зголемува за повеќе од 1.000. Така што многу брзо потоа достигна цена од 20.000. При неговото враќање од САД, тој во Загреб за дневниот весник „Вјесник“ даде изјава за сето тоа што го чул таму. Со неактивирањето на ФЕНИ со работење во тие две години и три месеци се испушти остварување на профит од 220 милиони долари!

Една друга неспособна влада на РМ некаде во 1998 година, поточно едно лице од неа што ФЕНИ го гледаше како „апсурд“, инаку познат кабинетски, високоедуциран и искусен политички жонглер, кажа ние (Македонците) не можеме да го водиме ФЕНИ! Жално што еден ваков најголем „златен рудник“ – ФЕНИ, транзициската „глутница“ во осамостоена Р. Македонија, го обезличи и го продаде (предаде) како „старо железо“ на (странски) газди.

Странските газди за време од 16 години работа, според мојата процена (на основа на движењето на цената на никелот на светската берза и др.) по основа на профит, заработија 2.800.000.000 долари! Кога денес ФЕНИ би се градел (поради инфлацијата на доларот) би чинел 1.960.000.000 долари. Со износот на профитот би можело да се изградат 1,43 ФЕНИ! [Во пресметката не е вклучена: камата на вложените средства од профитот (од изминатите години) или облагородени во акции на берзата; треба да се забележи дека странските газди вложија солидни средства во Кавадарци во спортот, животната средина и др.]

Дијаграм на месечна цена во американски долари по тон никел на светската берза од 1983 до 2013 год. Прашувам, кој сличен капацитет на фирми од Европа па и во светот може да оствари еден толку голем профит (за 16 години работа)?! За жал, Македонија остана со ФЕНИ, како се вели со прстот во устата! Да се знае и ова што следува

Најнапред треба да се каже една вистина, дека во време на студиските истражувања, на светскиот пазар (а денес уште повеќе) постоеше голем глад за фероникел. Кога се искористија побогатите рудници со никел во светот, се посегна во тоа време кон попосните, за кои научноистражувачките центри изработија соодветна технологија за производство на фероникел. Еден од таквите е ФЕНИ. Компанијата „Mc Kee“ (САД), една од најпознатите во оваа област, е проектант и консултант на проектот ФЕНИ, зад кој стоеја банките од САД, кои целосно го финансираа ФЕНИ. ФЕНИ се изгради во најкраток рок.

Применив една од најмодерни методи за изградба – метода за мрежно планирање на работите. Имам чест да истакнам дека во големиот дел на динамиката истата таа се извршуваше 2,92 отсто месечно од целокупниот обем на проектот ФЕНИ. Од американска страна ни беше потврдено дека тоа е единствен случај кога некој надвор од САД успеал да ја оствари оваа динамика. Во временскиот период, откако се почна со изградба на топилницата со сепарација, доста време се одолжи со изработувањето на проектот за транспорт на рудата од селото Мрежичко до топилницата од страна на Институтот за проектирање при ЈДЖ „Белград“. Се констатира дека чинењето за изградба на пругата ги надмина сите очекувања и се донесе одлука да се изврши промена на начинот на транспортирање на рудата. Се покажа дека е најрационално да се примени транспорт на рудата преку транспортни ленти што изнесува околу 12 отсто од транспорт по пруга. Со тоа се измени и начинот за ископ на рудата. Странската компанија успеа во тоа, да произведуваат 16.000 тони фероникел годишно, колку што е предвидено со капацитетот на двете изградени линии (рото-печки).

Пред тринаесетина години тие се охрабрија дотаму, што ја ангажираа компанијата „Полизиус“ од САД да изработи студија за изградба на трета линија, на северозападната страна од првите две што се во погон. Познато е дека капацитетот на електропечките е инсталиран со поглед во перспектива да може да се инсталира и третата линија нова рото-печка. Така што очекуваа дека ќе успеат годишно да произведуваат 24.000 тони фероникел. Побараа од мене (односно нашата фирма со мојот син) ДГ ИНТЕРГРАДБА да ја провериме стабилноста на зградата на електропечки со новото дополнително оптоварување. Газдите на ФЕНИ не се одлучија да се изгради третата линија.

Во годините кога се ближеше крајот на отворениот коп на руда од рудникот „Ржаново“, компанијата (колку што знам) си купи рудник во Средна Америка, чија руда по морски пат се носи до Солун, оттаму со железница ја носи во ФЕНИ.

Цветан Таневски-Цони, дипл. градежен инженер и магистер од областа на земјотресно инженерство

    

Најново

Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна

Sase Ivanovski

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Каменуван автобусот на ,,Чкембари“ на излезот на Скопје, повредени се неколку лица

Sase Ivanovski

Таравари за РТК: Во новата влада на Северна Македонија шест министри и претседател на Собранието ќе бидат Албанци

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Во наредните денови ќе се официјализира коалицијата меѓу ВМРО ДПМНЕ и ВЛЕН

Sase Ivanovski

СИНА АЈКУЛА ТЕШКА 200 КИЛОГРАМИ Е УЛОВЕНА ВО БУДВА Ајкулата ќе биде препарирана и изложена во музеј

Sase Ivanovski

ОСПОРЕНИОТ ЗАКОН ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА СТАПИ НА СИЛА Украина ја намали и возраста за одење во војска

Sase Ivanovski

„СЕ ПРОБИВАА ТОЛКУ БРЗО, НЕМАШЕ КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ“ Русите ја преминаа северната граница на Харков

Sase Ivanovski

4 километри пепел на небото и виолетови молњи – еруптираше вулкан во Индонезија

Sase Ivanovski

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Sase Ivanovski

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Sase Ivanovski

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават се за да добијат двајца пратеници од „Европскиот фронт“, тајните договори во подруми се неприфативи

Sase Ivanovski

Франција го обвини Азербејџан за поттикнување немири во Нова Каледонија

Sase Ivanovski

Андоновски: Министерството на Груби ќе се трансформира

Sase Ivanovski

ЦУК: Поплавени подруми и гаража, пожари на отворено

Sase Ivanovski

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski
Вчитувам....