Во Украина е доставено толку многу оружје што ќе биде доволно да трае многу месеци, дури и по прекинот на испораките, смета портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков. Тој додаде дека ако американскиот бизнисмен Елон Маск ги прекине комуникациите кои ги користат вооружените сили на Украина, украинците брзо ќе најдат алтернатива.
„Толку многу оружје е внесено што Украинците ќе имаат со што да се борат дури и по прекинот на испораките, и тоа многу, многу месеци, ако не го украдат“, рече Песков, говорејќи на конференција во Високата економска школа. Тој исто така верува дека Киев веднаш ќе добие алтернатива доколку Маск ги исклучи комуникациите за вооружените сили на Украина.