Рускиот претседател Владимир Путин нема да присуствува на планираните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул, потврди денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. На прашањето на CNN дали постои можност рускиот лидер да биде присутен на преговорите во Турција, Дмитриј Песков одговори – „не“.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, потврди претходно денес дека руската делегација пристигнала во Истанбул, каде што се планирани разговори со делегацијата од Киев за решавање на конфликтот во Украина. Руската делегација ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински, кој веќе предводеше група руски преговарачи во Истанбул во пролетта 2022 година, кога беа прекинати директните преговори меѓу двете страни.