Телефонскиот разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп на 18 март траеше околу два часа и беше еден од најдолгите, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Сè на сè, ако го одвоите потребното време за превод, разговорот траеше околу два часа. Тоа беше веројатно еден од најдолгите разговори меѓу двајцата претседатели“, рече Песков во интервјуто со Павел Зарубин. Според портпаролот на Кремљ, за време на разговорите „имаше апсолутно доверлива, искрена, конструктивна, работна атмосфера“.