Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија е задоволна од конструктивниот и ефективен дијалог со САД и дека контактите со американската страна се „интензивни и продуктивни“. Песков потврди дека е на сила наредбата на рускиот претседател Владимир Путин за мораториум на нападите врз украинскиот енергетски систем. По постигнувањето договор со американскиот претседател Доналд Трамп на 18 март, конфликтните страни да се воздржат од напад на енергетски објекти, Путин и дал „соодветна наредба на руската војска“. -Иако Украина не одговори целосно на тој повик, Русија продолжи да го спроведува мораториумот, додека украинските сили продолжија да ги напаѓаат објектите во Русија, рече Песков.
Тој ја истакна и важноста на Арктикот за Русија, наведувајќи дека Северниот морски пат е функционален и дека веќе се користат минералните суровини во регионот. Песков нагласи дека меѓународната соработка на Арктикот е итна потреба, но додаде дека Русија ќе продолжи да ги користи ресурсите на тој регион во свои интереси. Портпаролот на Кремљ ја коментираше и 25-годишнината од првиот избор на Владимир Путин за претседател на Русија, истакнувајќи дека Русија за тоа време измина долг пат, „од опстанок, економски и политички колапс, до развој и зголемен просперитет“. Тој додаде дека Русија сега стана стабилна земја, со развиен економски сектор и посилен територијален интегритет