Украина не треба да стане членка на НАТО, бидејќи тоа би претставувало закана за интересите на Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Тоа е една од главните причини за овој конфликт. Украина не треба да стане членка на НАТО и не треба да има перспектива за интеграција во Алијансата“, рече Песков за време на своето обраќање пред новинарите, пренесува РИА Новости. Тој рече дека Кремљ е информиран дека американските претставници на различни нивоа велат дека членството на Украина во НАТО е невозможно, што, како што рече, се совпаѓа со ставовите на Москва.