19.8 C
Скопје
19/05/2024 09:48
МАКТЕЛ

  

     

 

Песната на Петар Избраниот

      

Владиката Петар го злоупотреби најсветиот христијански празник и одржа политички, наместо пастирски, црковно-духовен говор. И, итар е Петар. Не спомена ниту една политичка партија, ама во својата желба да биде пропагандист го издадоа неколку реченици или делови од реченици, кои се надоврзуваат на неговиот претходен политички активизам.
Вели „… да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води“. Се знае, нели, кој претседателски кандидат претендира за втор мандат.

   

Петар не отстапува да го дели народот „особено на оние од православната вера“ и на народ кој ти бил „царско свештенство и избран народ“, без да биде свесен за тоа што птредизвикувале и како како завршувале низ историјата народите кои себе си се сметале за супериорни и над другите.
Еве ги точните зборови на Петар од Велигденското послание:
„Граѓаните, пак, особено оние од Православна вера, секогаш да имаат при ум дека се царско свештенство и избран народ, и затоа должни се да гласаат и изберат претставници и водачи кои што се одликуваат со морални вредности и ги исполниле или ќе ги исполнат ветувањата, за да не се случи втората измама да биде полоша од првата, т.е. слепец слепи да води. Во спротивно, гласачите виновни ќе бидат пред својата совест, која е гласот Божји во човекот“.

 

И навистина Петар не спомена ниту име ниту партија, но македонската јавност добро знае и памети негови претходни јавни пораки кои по павило во поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. На 15 мај 2017 година, само три недели после крвавиот обид за државен удар во Собранието, Петар застана во одбрана на насилниците и за виновни ја прогласи тогашната опозиција.
„Мислам дека поголема вина, ако не поголема барем иста вина имаат оние што ги предизвикале луѓето да влезат во Парламентот и да го направат тоа. А, тука, предизвикувачите се оние што извршија насилство врз државните закони,  врз Уставот на Македонија,  Деловникот за работа на Собранието, итн … И вие штом вршите насилство врз институциите на државата очекувајте дека ќе има возврат на тоа… Значи, тие ги поттикнаа на тоа, ако не ги поттикнеа тие  на тоа, немаше овие тоа да го направат. Оти, знаете како кај нас се прави, ќе ги насочите луѓето, ќе ги предизвикате да направат зло, вие не сте виновникот, а виновници се оние што од желба за да си го заштитат достоинството на својата татковина, за унитарната држава, за симболите на својата татковина, за редот и поредокот…“, рече тогаш Петар.

   

     

Се сеќаваме и на неговиот став дека Црквата не ја нарушува секуларноста ако свештенството ги искаже своите политички ставови. Не велиме дека тоа не е во ред, но секако не е во ред зад самоопрвадувањето дека свештенството може да ги искаже своите политички ставови, да гледаме активно и отворено застапување за само една политичка опција, односно партија, во овој случај – ВМРО-ДПМНЕ. Три недели, пак пред 27 април 2017 година, Петар панихидата за смртта на војводата Методија Патче, во време на политички превирања кога се формираше Владата во 2017 година, ја запеа песната Послушајте Патриоти, а го гледавме и на протестите на опозицијата. Неговите ставови беа идентични со ВМРО-ДПМНЕ, и тоа го искажа и во велигденското послание пред две години, кога жестоко го нападна феминизмот и рече дека родовата еднаквост е изопачена. И тогаш предизвика револт.

Приказната за МПЦ-ОА, Петар и рускиот змеј

Петар, заедно со архиепископот Стефан и митрополитот Тимотеј, беше тројката која организираше црковен суд против новинарот Марјан Николовски. Во интервју за Вистиномер.мк, Марјан Николовски ја соопштува главната причина з овој црковен прогон против него.
„Главната причина беше тоа што јас изминативе две години редовно укажувам на сериозното руско влијание што во Македонија се шири преку црквата, конкретно преку тројца Архиереи. Токму истите оние кои се обидоа институционално преку црквата, а сега преку јавен линч да се пресметаат со мене“, посочи за Вистиномер.мк Николовски.

Николовски укажува дека неговото новинарско истражување за заснова на претходни изјави за руското влијание во МПЦ-ОА, како она на професорот по безбнедност Марјан Ѓуровски и на претседателот Пендаровски, а за што бил информиран и архиепископот Стефан.
„Јас не тврдам дека во Синодот на МПЦ има руски шпиони или дека некој од владиците е шпион. Има руски влијанија, неспорно. Има луѓе, ги знаете и јавно. Еден од нив формираше телевизија на која ја шири таа вистина, кои ги преземаат комплетно рускиот наратив кон Украина, каде што Русија, неспорно, е држава која изврши инвазија. Нападна друга суверена држава, членка на Обединети Нации. Да не ги именувам ги знаете, тоа се најмалку тројца владици во Синодот, меѓутоа ние до овој момент немаме докази дека тоа се шпиони на руската федерална служба за разузнавање“, рече Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија и кандидат за претседател на Изборите 2024во интервју на ТВ Телма.

Пендаровски потсети дека во изминатите неколку години, Македонија протера 18 руски дипломати, т.н. дипломати кои беа руски шпиони и дека тоа било направено во содејство со службите од кои најмалку една е под директна ингеренција на претседателот. Ништо чудно политичката беседа на Петар за Велигден да била поттикната од ова укажување на претседателскиот кандидат Пендаровски. Да потсетиме дека на на 15 септември минатата година (2023) Васијан Змеев, шефот на подворјето на Руската црква во Софија доби забрана за влез во Македонија. Набргу потоа истиот свештеник беше протеран и од Бугарија, а само неколку месеци пред тоа рускиот архимандрит Змеев сослушуваше на литургија во Соборниот храм. Со литургијата чиноначалствуваше митрополитот тетовско гостиварски Јосиф. Меѓу верниците беше и амбасадорот на Русија во земјава, Сергеј Бездникин, а архиепископот Стефан ја следеше богослужбата од тронот, со молитвено учество во литургијата.

Ниту тогаш, ниту по протерувањето на Змеев МПЦ-ОА не соопшти кој беше поводот тоа сослужување, на кое пак во јануари, за време на Божиќните празници му претходеше посетата на рускиот митрполит Антониј задолжен за меѓународни односи на Руската Православна црква. После овие настани преовлада оценката дека однесувањето на руските свештени лица, но и на дел од свештениците на МПЦ-ОА, ги надмина далеку нивните дозволени активности. Познавачите на овие прилики во Македонија толкуваат дека Москва, односно режимот на Путин, ја има избрано МПЦ-ОА за влијание преку неколкумина епископи во Синодот, откако сфати дека руското влијание преку политиката, економијата или медиумите не ги дава брзо очекуваните резултати.

    

Најново

Таравари: Верувам дека претседател на парламентот ќе продолжи да биде Албанец

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) На излезот од Скопје каменуван автобусот „Чкембари“, повредени неколку лица

Sase Ivanovski

Протести во Израел – меѓу барањата и предвремени избори

Sase Ivanovski

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во Будва

Sase Ivanovski

Вкупно 23 бегалци се водат како исчезнати откако со чамец тргнале од Тунис за Италија

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Невреме во Струга

Sase Ivanovski

Разлика меѓу паламудење и тртомудење

Sase Ivanovski

Силјановска ПОДАДЕ РАКА КОН БУГАРИЈА преку културна дипломатија

Sase Ivanovski

МВР со детали за нападот врз Кацарска. Напаѓачот е уапсен

Sase Ivanovski

(ФОТО) Најмалку четири возила оштетени во сообраќајна несреќа пред влезот на Клинички центар

Sase Ivanovski

Ахмети ја загуби контролата откако сфати дека ја загуби власта, порачаа од Вреди

Sase Ivanovski

Паркиран камион се придвижил и удрил во автомобил: тешко повреден возачот на камионот кој се обидел да го сопре возилото

Sase Ivanovski

Членот на израелскиот воен кабинет се закани со оставка ако Нетанјаху не го усвои неговиот нов воен план за Газа

Sase Ivanovski

Едно лице почина друго се бори за живот во несреќа во лифт во угостителски објект во Штип

Sase Ivanovski

Ветерот и сонцето произведоа рекордни 22 отсто од електричната енергија во ЕУ

Sase Ivanovski

Од девет убиени жени во Србија, седум се од Војводина

Sase Ivanovski

Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Sase Ivanovski

Тешка сообраќајна несреќа пред влезот на Клиничкиот центар

Sase Ivanovski

Во Иран обесени седум луѓе осудени на смрт, меѓу кои и две жени

Sase Ivanovski

Лавров: Русија останува отворена за дијалог со Западот, но само под еднакви услови

Sase Ivanovski

Невработеноста голема, а бројката на отворени работни позиции расте, каде лежи проблемот?

Sase Ivanovski

Големо истражување откри што повеќе влијае на животниот век – гените или начинот на живот

Sase Ivanovski

Фуркан Салиу: Директорот на токсикологија упорно се обидува да дефокусира и ја тера дебатата во меѓуетнички контекст

Sase Ivanovski

Полска инвестира повеќе од 2 милијарди евра во зајакнувањето на својата источна граница

Sase Ivanovski

Опасната игра на ДУИ

Sase Ivanovski

(Видео) „Јас моето што го сакав, да го набркам силеџијата Шилегов, го направив“ – Со Перо Камиказа за политиката

Sase Ivanovski

Вработените во „Дрекселмаер“ засадија 1.200 садници во Жегљане

Sase Ivanovski

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со Крис Павловски, директор на Рамбл

Sase Ivanovski

Герасимовски: Булингот носи сериозни последици, само ако делуваме заедно може да го спречиме

Sase Ivanovski

„Јас одам Скопје – Атина, само не знам дал ќе минам граница“ – Стануваат ли повторно актуелни овие рефрени?

Sase Ivanovski

Куманово на врвот на листата по дивоградби – се легализираат куќи од 300 квадрати, се злоупотребува законот, се отвораат можности за корупција

Sase Ivanovski

Најголемата општина во државата – Куманово нема кино, младите бараат решавање на проблемот

Sase Ivanovski

Донесена првата неправосилна пресуда за мобинг во Кумановскиот суд

Sase Ivanovski

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Sase Ivanovski

Пронашле граната и ја однеле во полиција, ЦУК апелира да не се допираат неексплодираните средства

Sase Ivanovski

Владини функционери во Словачка ги обвинуваат медиумите и опозицијата за пукањето во премиерот Фицо

Sase Ivanovski

Д-р Димитров: ПАП тестот е историја, жените треба да прават ХПВ тест

Sase Ivanovski

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

Sase Ivanovski

Палевски во затворот во Шутка дошол со куфер, евра и лири

Sase Ivanovski

Можеби ќе ви помогне ако патувате во Европа: Еве каде се највисоки а каде најниски цените на горивото

Sase Ivanovski

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Sase Ivanovski

„СЕ ДОДЕКА ГРЦИЈА НЕ ГИ ПОТПИШЕ ПРОТОКОЛИТЕ НИЕ НЕМА ДА ГИ ПОЧИТУВАМЕ ОДРЕДБИТЕ КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ НА УПОТРЕБАТА НА ИМЕТО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“: Најчевска со предлог

Sase Ivanovski

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии

Sase Ivanovski

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

Sase Ivanovski

СООБРАЌАЈКА НА ТРИ АВТОМОБИЛИ КАЈ КИЧЕВО Повредени се тројца тинејџери и двајца возрасни

Sase Ivanovski

СЕ СУДРИЈА ТРАКТОР И КАМИОН ВО БИТОЛСКО НОВАЦИ Трактористот е тешко повреден

Sase Ivanovski

УТРЕ ЌЕ ИМА ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ НА ДВЕ ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ Се одржуваат две рекреативни трки

Sase Ivanovski

ПАДНАА ТУЖБИТЕ НА ЕВРОПСКИ ФРОНТ ПРЕД УПРАВЕН СУД Ќе се прегласува на 7 изборни места

Sase Ivanovski

ФОТО | Салфетката на која Меси го потпиша договорот со Барселона продадена за 888.000 евра

Sase Ivanovski

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ донираше ламинат за детската градинка во Конче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова освен со папата, во Рим на средба и со италијанскиот претседател Матарела

Sase Ivanovski

Претседателството на ДУИ попладнево ќе одржи состанок

Sase Ivanovski

Најмалку 50 загинати во поплавите во Авганистан

Sase Ivanovski

ВИДЕО| Бислимоски: Да ги одржуваме браните, да не ни се случи Либија

Sase Ivanovski

Поранешен српски репрезнтативец направил скандал во Белград: Беснеел во хотел и се заканувал на полицајци

Sase Ivanovski

САД со предупредување до американските граѓани, да бидат внимателни додека патуваат во странство

Sase Ivanovski

Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите во Управен

Sase Ivanovski

Климатски активисти ги блокираа пистите на аеродромот во Минхен, објавено е одложување на летовите

Sase Ivanovski

Експертската јавност децицна – Нема правни механизми за распуштање на Советите

Sase Ivanovski

Кривична против градоначалник за незаконски исплати за време на избори

Sase Ivanovski

Кривична пријава против полицајката која беше фатена со мито од над 10 илјади евра

Sase Ivanovski

Зеленски го одби планот за примирје на Макрон:„Емануеле не веруваме во тоа“

Sase Ivanovski

Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Sase Ivanovski

Изгласана новата хрватска Влада, 79 пратеници гласаа за

Sase Ivanovski

Полуматуранти во Подгорица при прослава со факли го запалиле покривот на училиштето

Sase Ivanovski

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид

Sase Ivanovski

Герила акција кај фонтана во парк: Поставена макета – конструкција на јавен тоалет

Sase Ivanovski

Град Скопје: Фирма без дозвола поставува панорамско тркало во Карпош, институциите да постапат во најкус период

Sase Ivanovski

Божинов и Момировски првите луѓе во кабинетот на Силјановска Давкова

Sase Ivanovski

Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков

Sase Ivanovski

Напаѓачот на Фицо призна вина

Sase Ivanovski

(Видео) Ордановски- Во врвот на ВМРО ДПМНЕ се шокирани од однесувањето на Мицковски и Силјановска околу Преспа договорот

Sase Ivanovski

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Sase Ivanovski

(Видео) Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Sase Ivanovski

Променливо облачно и топло време, попладне нестабилно со дожд и грмежи

Sase Ivanovski

Азески за милијардата: Господ да е на помош на сите што ќе овозможат да се донесат нови пари

Sase Ivanovski

Мисовски и Зајкова демантираат дека ќе преминат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Sase Ivanovski

Реакции на Зеленски и Путин за предлогот за прекин на огнот за време на одржувањето на Олимпијадата во Париз

Sase Ivanovski

„Њујорк тајмс“: НАТО подготвува „неизбежно“ испраќање војска во Украина за обука на украинските сили

Sase Ivanovski

Управен ја одби тужбата на Европски фронт на решението на ДИК за избирачко место во Крушево

Sase Ivanovski
Вчитувам....