18.8 C
Скопје
09/05/2025 09:37
МАКТЕЛ

     

ПОРТАЛБ: Петар Богојески…Лице со антиевропски ставови на чело на Агенцијата за европски програми

      

Назначувањето на Петар Богојески – лидер на партијата „Македонски концепт“ – за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност предизвика силни реакции во јавноста. Причината е неговата досегашна политичка и јавна активност, која често се коси со основните вредности на Европската унија. Петар Богојески, лидер на малата десно-ориентирана политичка партија „Македонски концепт“, е новиот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – институција која треба да ги промовира вредностите на Европската Унија. Но, дел од неговите објави на социјалните мрежи се во спротивност токму со европските вредности, пишува Порталб.мк. Познат по шовинистички изјави, особено кон албанската заедница, Богојески во минатото користеше навредливи термини, ширеше говор на омраза, дезинформации и беше цел на кривична пријава од сега владејачката етничка албанска партија ВЛЕН. Тој пред точно три години доби отказ и од функцијата државен советник во Министерството за одбрана поради однесување спротивно на Етичкиот кодекс на вработените во министерството. Самиот тој објави дека бил обвинет за ширење на содржини со руско влијание.

Од медиумот потсетуваат дека меѓу вредностите на Европската унија дефинирани со Договорот од Лисабон и Европската конвенција за човекови права се човечкото достоинство, слободата, демократијата и човековите права кои го опфаќаат правото да се биде ослободен од дискриминација без оглед на пол, раса, боја на кожа, јазик, религија, политичко или друго уверување, национално или социјално потекло, припадност на национално малцинство, сопственост, род или друг статус. На веб-страната на агенцијата чиј директор стана Богојески се вели дека нејзината цел е да работи на промоција и спроведување на европските програми во областа на образованието, обуката, младите и спортот во Република Северна Македонија. „Националната агенција со остварување на овие програми придонесува во развојот на заедницата како општество засновано на напредно знаење, со одржлив економски развој, повеќе и подобри работни места и поголема социјална кохезија, истовремено обезбедувајќи заштита на средината за идните генерации а особено размена, соработка и мобилност во областа на образованието и обуката“, стои понатаму на веб-страницата.

   

Како што пишува Порталб.мк, владата „крева раце“ од случајот иако има удел во ова прашање, а назначувањето на Богојески предизвика бура реакции на политичката сцена. Од Владата за Порталб.мк велат дека одлуката тој да биде назначен „ја донел Управниот одбор на Агенцијата“ и дека „таа е во согласност со законската постапка и нивните надлежности“. Сепак, самиот Закон за основање на Националната агенција за европски програми и мобилност во членот 12 стои: Претседателот и членовите на Управниот одбор ги именува и разрешува Владата на Република Македонија Демократската унија за интеграција (ДУИ) го нарече овој потег е „навреда и омаловажување за Албанците“ и претставува „директна провокација не само за Албанците“ туку и „за самата Европска идеја во земјата“. Од партијата бараат итно повлекување на одлуката, нагласувајќи дека тоа испраќа опасна порака – омразата и дискриминацијата се наградуваат со државни функции. „Особено е иронично и трагично што тој поединец е предмет на кривични пријави токму од партиите на ВЛЕН во Владата, а денес е награден на раководна позиција со нивна поддршка“, соопштија од ДУИ. Партијата на Богојески, Македонски концепт испрати соопштение до јавноста во кое велат оти „ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси“, обвинувајќи дека нивната политичка агенда не е насочена кон соживот, реформи и европска интеграција.

„Говорење вистина не е искажување навреди, кон никого, па ниту кон Албанци. Богојески напаѓа арамии и шовинисти, а се бори за полни граѓански права за сите етнички заедници и нов граѓански Устав на земјата. ДУИ е против граѓанска држава, затоа што сака мафијашка држава за себе“, се вели во реакцијата на Македонски концепт. Порталб.мк пишува дека ВЛЕН (Вреди) како албански партнер во власта, наместо да преземе конкретни мерки за отповикување на оваа личност од чело на оваа институција, продолжува да се занимава со ДУИ која речиси една година е во опозиција. Во реакцијата на ВЛЕН се вели дека јавноста го памети Богојески „како поддржувач на Специјалното обвинителство, реформатор на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа како македонски националист – но само привремено, како на батерии што брзо се трошат. Затоа, уште една навреда за Албанците е кога ДУИ се обидува да ја промовира идејата дека евроинтеграциите на Македонија наводно зависат од таква фигура“. Од таму нагласуваат дека „прашањето лежи во тоа зошто од ДУИ пред вака да се посрамотат не го прашале Талат Џафери како можел Богојевски да биде државен советник во Министерството за одбрана“. Порталб.мк потсетува дека токму коалицијата ВЛЕН во август 2024 година поднесе кривична пријава против Богојески за ширење на говор на омраза преку социјалните мрежи. Петар Богојески започна како реформатор во ВМРО-ДПМНЕ и гласен критичар на Мицкоски, кого во 2020 година го нарече „предавник“ и „бандит“. Но со текот на времето, неговата политичка реторика стана сè понационалистичка, а честопати и отворено ксенофобична.

Јавноста го запозна Богојески по неговите јавни настапи во 2018 година, кога се претстави како „реформатор“, личност која ќе води процес за реформирање на ВМРО-ДПМНЕ. Тој тогаш беше голем критичар на актуелниот лидер на истата партија, Христијан Мицкоски, кој го презеде кормилото на партијата по заминувањето на Никола Груевски. „Бандити и предавници“ ја нарекуваше групата која го поддржуваше Мицкоски и самиот Мицкоски. „Ајде да ја спасиме Македонија“, повика Богојевски на 3 декември 2020 година. Неговата омраза кон Албанците и кон другите етнички заедници е добро документирана на Фејсбук и сè уште се јавни тие објави. Како што пишува Порталб.мк, тој често го користи терминот „шиптар“ кога зборува за Албанците, збор кој долго време се смета за навредлив и понижувачки дури и во македонскиот контекст. Ова го има направено во неколку наврати кои можете да ги најдете овдеовде и овде. Меѓутоа, не беа само Албанците трн во очите на Богојески. Тој, исто така, изрази омраза кон бошњачката заедница преку Фејсбук. „Глумицо една, јас не сум ти крив што се мразиш себе си и кожата ти српска во која си се родила! Не сум јас крив што си го мразиш племето свое од каде потекнуваш!“, напиша Богојески на Фејсбук, кон и на активистката Мерсиха Смаиловиќ. Богојески, исто така, на 3 декември 2023 година, пред МВР и Јавното обвинителство да излезат со соопштение, објави опасна, етнички обоена и потпалувачка дезинформација во врска со грабнувањето на Вања Ѓорчевска која ги зовре социјалните мрежи. Тој сподели дека тогашната власт се обидува да прикрие убиство, изразувајќи сомнежи дека „осомничените биле пуштени на слобода од полициска станица“ и прашувајќи „дали се веќе пренесени на Косово?!?“ Токму поради ваквите шпекулации дека случајот има етничка позадина, од Јавното обвинителство во своето соопштение од 3 декември 2023 година нагласија дека сите петмина осомничени за убиството се Македонци. Редакцијата на Порталб.мк се обрати до Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија за став околу назначувањето на Богојески, но сè уште не е добиен одговор. Извор: Новинска агенција МЕТА

  

Најново

Трамп повикува на „безусловно“ 30-дневно примирје меѓу Русија и Украина

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Пропагандни видеа се шират на Фејсбук: Москва е рајот, а европските метрополи пеколот!

Sase Ivanovski

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне и во текот на ноќта дожд

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Драматична потера по напаѓачот од Штип пред Скопје – полицајците пукале откако ја пробил рампата кај Миладиновци

Sase Ivanovski

Секој четврти Британец смета дека Трамп е поопасен од терористичките организации

Sase Ivanovski

САД по прекинот на струја на аеродромот Њуарк ќе го модернизира системот за контрола на летање

Sase Ivanovski

Кошта идната недела тргнува на турнеја по Западен Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манчестер јунајтед и Тотенхем закажаа финале во Лига Европа

Sase Ivanovski

Србија: Гимназиски професор кој ги навредуваше студентите стана државен секретар

Sase Ivanovski

Мерц ќе воведува вонредна состојба за да ја спречи масовната миграција во Германија

Sase Ivanovski

Сиљановска Давкова упати честитка до новиот папа Лав Четиринаесетти

Sase Ivanovski

Томовски: Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветен владин авион

Sase Ivanovski

Димитриевски до Филипче: Самопрогласениот лидер да се занимава со себе и да види да не му се распадне зградата на Бихаќка

Sase Ivanovski

ЗА ВЛАДИНИОТ АВИОН ВЕЌЕ НЕМА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ Соседните држави не собираат со нивни летала

Sase Ivanovski

(Видео): Овие документи потврдуваат голем скандал во Куманово – Димитриевски и Митевски, со поддршка на ДУИ, заработиле 350.000 евра!

Sase Ivanovski

БИЛ ГЕЈТС ОБЈАВИ КОМУ ЌЕ ДОНИРА 107 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Си даде рок од 20 години

Sase Ivanovski

Венс: Не би рекол дека Русија не сака прекин на војната, ама тие бараат премногу

Sase Ivanovski

24 Отворено – Политичка драма на повеќе фронтови

Sase Ivanovski

Вин-Вин: Кој е мастер планот за кого игра Таравари? – Интервју со Зијадин Села

Sase Ivanovski

Вучиќ: Остварив многу срдечни средби со разни лидери

Sase Ivanovski

Кога ќе профункционираат спортските објекти во Прилеп ?

Sase Ivanovski

Претрес на адвокатот на Кешишев: Како царот Палчо ги разочара поданиците, по убиствата на Вања и Панче

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Саемот на книгата е обид за културен натпревар на народите

Sase Ivanovski

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Крвавата пресметка ги вознемири штипјани

Sase Ivanovski

Честитка од премиерот Мицкоски за изборот на новиот папа Леоне XIV

Sase Ivanovski

Костадинов: Ќе ги рушиме угостителските објекти кои не исполнуваат стандарди!

Sase Ivanovski

„Прв американски папа, каква чест“: Трамп му упати честитки на новиот понтиф

Sase Ivanovski

РУСКА САЛАТА ОД ИЗГОВОРИ Еден по еден му откажуваат гостите на Путин

Sase Ivanovski

Прв говор на новиот папа: На човештвото му е потребен Христос како мост до Бога и неговата љубов

Sase Ivanovski

Новиот владин авион ќе нè чини од 20 до 50 милиони евра, ако сме сериозна држава, треба да имаме соодветно летало“, вели Томовски

Sase Ivanovski

Касами: Таравари ќе биде министер „уште некој ден“

Sase Ivanovski

Американецот Роберт Превост е новиот папа

Sase Ivanovski

(Видео) Пукање во Штип, едно лице убиено, нема информации за повредени

Sase Ivanovski

Родители на починатите во „Пулс“ со писмо до јавноста: Оваа трагедија е масовно убиство и загрозување на човековите животи и безбедноста. Бараме  правна разрешница и одговорност од сите инволвирани лица и институции

Sase Ivanovski

Ворен Бафет на 94 годишна возраст е горд што сè уште е жив со секојдневно јадење на брза храна и пиење кока-кола

Sase Ivanovski

Од ЕКВ и Дисциплина Кичме до Аца Лукас и Мира Шкориќ – „Коцка је бачена“ во МКЦ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Филмски факт: Хероината на „Исправи се, Делфина“ меѓу реалноста и фикцијата

Sase Ivanovski

Новата сликовница „Девојчето со форичката“ ги едуцира децата за справување со емоциите

Sase Ivanovski

Утре еко час во „Лазо Ангеловски“ организација УНИЦЕФ и на Шведска

Sase Ivanovski

Изречена е казна затвор од една година за ширење расистички и ксенофобичен материјал кон ЛГБТИ заедницата како припадници на маргинализирана група

Sase Ivanovski

Нова продукциска куќа зад „Д-фест“, фестивалот останува во Дојран

Sase Ivanovski

Медицинска опрема вредна 18,6 милиони евра фаќа прашина по болниците бидејќи нема кој да ја користи

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Денот во 60 секунди – Во завршна фаза е набавката за новите 120 автобуси, јавниот долг под просекот на ЕУ, се решава недостигот на човечки ресурси во болниците

Sase Ivanovski

Димовска- Касталди: парламентарните служби се клучни за демократија

Sase Ivanovski

Средба Гаши – Фонтана во Рим

Sase Ivanovski

Порака од Рим: Без интеграција во ЕУ на Балканот, ризикуваме создавање на географски вакуум

Sase Ivanovski

Од Скопје до Вол Стрит: Prime Capital by Adora — првата инвестициска консултантска компанија основана со македонски капитал со акредитација во САД

Sase Ivanovski

Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен, туку ќе биде и зголемен

Sase Ivanovski

Томовски: СОЗР со неколку нови проекти во интерес на државата и граѓаните

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Скопската полиција на лице место фати криминалци кои краделе во објектите на поранешна Железара

Sase Ivanovski

Вооружени крадци уапсени во кругот на поранешна „Железара“, со пиштоли им се заканувале на вработени

Sase Ivanovski

Гостиварец извадил нож при кавга во продавница, сега ќе одговара

Sase Ivanovski

Газда на фирма од Гостивар ќе одговара за смртта на работник од Бангладеш

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Скопјанец снимен од камера како краде засадено декоративно растение

Sase Ivanovski

Adora Business Group: Со особена гордост го најавуваме новиот стратешки потфат на Adora Business Group — лансирањето на Prime Capital powered by Adora, инвестициска консултантска компанија со седиште на Wall Street во Њујорк, меѓу највлијателните финансиски институции во светот

Sase Ivanovski

Мистерија околу исчезнувањето на 28 годишниот Миле Тодоров

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Хаос во Париз по победата над Арсенал

Sase Ivanovski

Филипче за можна коалиција со ДУИ и Таравари: Ќе разговараме со сите политички партии

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска на Kонференцијата на Светската банка: За повисок раст најважно е да се зголеми продуктивноста којашто е околу половина од европската

Sase Ivanovski

Коцевски: Можно е проширување на истрагата за „Пулс“

Sase Ivanovski

Апелација со повисоки казни за обвинетите во „Ласкарци“, сопственикот на „Дурмо турс“ наместо 4 години ќе лежи во затвор 10 години

Sase Ivanovski

Муцунски: Посветени сме на реформите, но очекуваме и Брисел да го исполни она што го вети кон Западниот Балкан

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Виктор Грозданов: Извини господине Ахмети ќе се соочиш со вистината која се вика опозиција

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода албански државјанин на Граничен премин Блато поради нудење поткуп

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ поднесе предлог Закон за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

(ФОТО) Голем интерес за селекција на отпад во Охрид: Комплетирана иницијативата за селекција како дел од РСУО

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Дамир Пух со нов инструментален сингл – „Saffron Skies“

Sase Ivanovski

(ФОТО) Средба на заменикот генерален секретар Ѓошевски со специјалната пратеничка на финското Претседателство со ОБСЕ

Sase Ivanovski

Средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со претставници од Секретаријатот на Партнерството за отворена власт

Sase Ivanovski

(ФОТО) Герасимовски: Ја отворивме првата градинка во Пролет по 50 години, за најмилите, за нашите дечиња

Sase Ivanovski

Максим Димитриевски: Цел на лагите на СДСМ не сум јас, туку ЗНАМ, како најбрзорастечка партија во Македонија

Sase Ivanovski

Дурмиши: Мерките на Министерството за економија и труд даваат резултат, цените на храната се стабилизираат, посветено работиме на заштита на животниот стандард

Sase Ivanovski

(ФОТО) Филипче: Градинката „Пролет“ е пример како треба да изгледа модерно Скопје – спротивно од кичот на Скопје 2014

Sase Ivanovski

Павле Арсоски Движење ЗНАМ – За наша Македонија во Крушево и Демир Хисар

Sase Ivanovski

(ФОТО) Максим Димитриевски во Долнени и Прилеп: Верувам во политиката што произлегува од теренот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки, до кога ЈО ќе молчи?

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржи Законот за Кочани

Sase Ivanovski

Пренџов: ДУИ е партија базирана на ширење нетрпеливост, лаги и манипулации

Sase Ivanovski

(ФОТО) Потпреседателката на ЗНАМ, Бендевска на средба со членовите и симпатизерите во Кавадарци и Неготино

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Кривична пријава против поранешен директор на ЈП „Колекторски систем“ Скопје – Подрачно одделение Охрид за злоупотреба на службената положба и овластување

Sase Ivanovski
Вчитувам....