Петгодишно дете од делчевското село Триботивиште е хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје откако во својот дом испило неколку апчиња. Детето доцна синоќа е примено во болница, каде што е детоксицирано и денеска се наоѓа во стабилна состојба, информираат од Клиниката за детски болести во Скопје. Продолжува опсервацијата на петгодишното дете од Делчево, кое синоќа проголтало две таблети антидепресив за возрасни и потоа било примено на Детската клиника во Скопје, истакна директорот на Универзитетската клиника за детски болести, Реџеп Мемеди.
– Петгодишното дете од Делчево синоќа беше примено на Детската клиника во Скопје со брза помош, со податок за испиени две таблети антидепресив за возрасни. Детете е примено во релативно стабилна состојба, мониторирано, во тек на дежурство со стабилни параметри. Денеска продолжуваме со опсервација на детето до утре, а ако се е во ред, детето ќе биде пуштено дома – изјави Мемеди.
Тој посочи дека речиси секоја недела имаат вакви или слични случаи и апелираше родителите да бидат внимателни каде ги оставаат лековите за возрасни, средствата за хигиена и корозивни супстанци, односно да внимаваат тие да не бидат на дофат на децата. На Детското одделение во Општата болница со проширена дејност во Кочани синоќа било донесено петгодишно дете од делчевското село Тработивиште, за кое било пријавено дека проголтало неколку таблети. Според првичните сознанија, петгодишното дете проголтало таблети „золпиден„, кои се користат за регулирање на сонот кај возрасните, при што се употребува половина таблета.