На 07.05.2024 во 15.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Видое Смилевски Бато“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(52) од Куманово и патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(33) од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.Т., додека неговата сопатничка М.Т.(19), возачот М.Д и негови двајца малолетни сопатници, сите од Куманово, се здобиле со телесни повреди констатирани во Ургентен центар Куманово.По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.