Пет лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа во центарот на Скопје, на крстосницата кај Старата градска болница и Собранието. Вчера во 21.15 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на крстосница од ул.„11 Октомври“, ул.„Даме Груев“ и ул.„Филип Втори Македонски“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблици, управувано од А.Н.(18) од Скопје, и патничко возило „бмв“ со чешки национални ознаки, управувано од Т.К.(24) од Струга.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од патничкото возило „бмв“ С.Ј.(20) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и уште две сопатнички од возилото „фолксваген голф“ А.Ф.(20) и М.Р.(19), двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.