Жена од струмичкото село Банско вчера пријавила дека била нападната од петмина нејзини соселани, соопшти МВР.
„На 03.06.2025 во 21:50 часот во СВР Струмица, М.А.(21) с.Банско, струмичко, пријавила дека во 17.30 часот во с.Банско, неговата сопруга З.Д. била физички нападната од И.А., А.Ф., А.А., И.М. и А.А., сите од с.Банско. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави“, велат од МВР.