Таа додаде дека иако ВМРО-ДПМНЕ на хартија се залага за департизација, очигледно тоа им е врежано во крвта и сакаат да го вратат дури и во време на техничка влада.
„Местото за споделување од министерот за внатрешни работи не се партиските лидери, туку институциите. Ако веќе тоа што го кажа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е точно, не знам зошто МВР дозволува вооружени луѓе да се шетаат по улиците“ рече Петровска.Министерката додаде дека министерот за внатрешни работи има законска обврска да го санкционира таквото поведение, а не да шири по медиуми или да го прави лидерот на партијата портпарол на МВР.