Почитувани, Ги напаѓа ли Филипче САД преку Сашо Орданоски, и менува ли курс по паметот на Левица? Сашо Орданоски, кој важи за советник на Венко Филипче и СДС и сива еминенција во таа партија вчера во телевизиско интервју со најбрутални навреди го нападна претседателот на САД, Доналд Трамп, нарекувајќи го лажго и необразован.
Дали Венко Филипче преку Сашо Орданоски ја нарече политиката на САД како неонацистичка? Се крие ли Венко Филипче зад Сашо Орданоски, и го напаѓа ли претседателот Трамп со навреди преку своите истурени играчи како Сашо Орданоски? Дали Венко Филипче во очај тргна по паметот на Левица и отвори војна со САД? Очајот на Венко Филипче го проби секое дно. Венко Филипче да излезе и да каже дали стои зад кажаното oд Орданоски, или ако не стои тогаш бараме јавно да се извини и откаже од него.