Пед дена надлежните служби, како и доброволци од РЦУК Штип, родинини и пријатели трагаат во околината на селото Степанци, каде на 5 април пријавен е како исчезнат еден човек. Потрагата по исчезнато повозрасно лице од с. Степанци во Општина Штип продолжува, кое е пријавено за исчезнато на 07.04.2025 година во 16.20 часот преку Едиствениот повикувачки број за итни случаи112, сè уште не е пронајдено. Известени се МВР Штип и Локална самоуправа Штип, а и други институции и служби, здруженија и граѓани коишто можат да помогнат и помагаат во потрагата, информираше Регионалниот ЦУК Штип до Секторот за операции и координација во ЦУК.. Инаку, лицето последен пат било видено во саботата на 05.04.2025 година.
Во последното деноноќие, конкретно вчера (09 април), е пребаруван повторно теренот околу селото Степанци, а и во и околу другите блиски села, од страна на роднини и пријатели (5-6 лица)на исчезнатото лице. Претходниот ден (08 април) во потрагата беа вклучени 15 лица од коишто имаше и двајца вработени од РЦУК Штип, коишто доброволно се вклучија во потрагата. Денеска се очекува во потрагата да се вклучат извидници од Штип, дел ловци од ЛЗ „Ловец“ од Штип, а ловочуварите од ловиштето „Лакавица – Патрик“, директно на нивна територија вршат пребарување и индиректно – преку редовно прегледување на снимките од камерите на терен. Жители од околните села во тој реон самостојно вршат претага во атарот на нивните села.