20.3 C
Скопје
18/05/2025 15:05
МАКТЕЛ

     

Пешевска: Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција

      

Добар ден Македонијо, Добар ден на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Почитуван претседателе на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Др. Христијан Мицкоски,
Почитувани членки на најголемата женска организација во Македонија, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Почитувани гости, Ми претставува голема чест да се обратам на 20-тата, јубилејна, годишна конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ – најголемата политичка женска структура, бедем на женската борба, сила и лидерство во Македонија. Како што налага нашата мисија, Унијата на жени, цели 27 години ги брани и застапува интересите на жените и нивното учество во рамките на партијата, но и пошироко во македонското општество. Ја промовира и организира активноста на своите членки, развива политички дебати и политички стратегии со цел промоција на идеите на партијата во духот на демохристијанските вредности, со акцент на семејството и нашите деца, иднината на Македонија.

Истрајноста во борбата за правата и интересите на жените е клучен двигател на општествените и политичките промени. Жените кои се активни во партиските структури и во поширокото општество ćе уште се соочуваат со бројни предизвици, но нивната упорност и визија овозможуваат создавање на стратегии кои ги надминуваат бариерите и отвораат простор за нивно суштинско учество. Со искрено признание и благодарност ја упатувам својата почит кон моите претходнички, кои со својата храброст, решителност и посветеност ја градеа оваа Унија низ годините. Од нив научив дека вистинското лидерство не се мери по титули, туку по влијанието што го оставаш, по промените што ги создаваш, по луѓето што ги инспирираш, по вратите што ги отвораш, по врските што ги градиш и зацврстуваш секојдневно. Нивните совети, искуства и позитивни практики, кои ми ги пренесоа на почетокот на мојот мандат пред 5 години, ги имплементирав, ги унапредив и со тоа успеав да го дадам својот придонес кон зацврстување на унијата и нејзино подигнување на повисоко ниво, во и надвор од границите на Македонија, и тоа во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, а светот се соочуваше со глобална здравствена криза.

   

Во време на опозиција, развивањето на политички стратегии е уште посложено, но токму тогаш ја покажавме нашата решителност низ градење алијанси, мобилизација на јавноста, артикулирање на нови политики и промовирање на вредностите што ги застапуваме. Па така, Унијата на жени бележи присуство на голем број настани, митинзи, верски прослави, вклучувајќи и верски собири од другите заедници, настани организирани од амбасади и меѓународни заедници, организира јавни настани и своја политичка академија, трибини во кои најголем дел сум била говорник, видео обраќања, гостувања во дебатни и информативни емисии, пуштање во употреба на објекти и увид во градежни работи. Со гордост можам да кажам дека од реализираните над 2000 активности само во 2024-тата година, 2/3 беа од хуманитарен карактер за кои Унијата на жени се стекна со признанија за нашиот придонес и учество во подобрување на општеството подеднакво за сите.

Млади меѓу младите, пензионерки меѓу пензионерите, политичарки, претприемачки, земјоделки и спортистки, докторки и хуманитарки; утеха за немоќните, надеж за болните, поткрепа за силните. Унијата на жени е модел, платформа за глобално женско лидерство. Преку унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот, каде докажуваме дека македонската жена има што да каже, што да направи и знаење да понуди. Во 2019та година, Унијата на жени, под водство на мојата претходничка и драга колешка Благица Ласовска, стана дел од големото европско семејство на женски унии во рамките на десните партии во Европа, а изминатата година, ја унапредивме соработаката меѓународна и бев назначена за потпретседателка и член на Извршниот одбор на Меѓународната женска демократска унија. И двете организации ги препознаа вредностите на Унијата на жени низ нашите активности, постигнати резултати и реализирани политики и во оваа прилика им се заблагодарувам на претседателката на ЕПП жени – Розалија Биро и претседателката на ИДУ жени – Софија Брамбила за нивните инспиративни пораки.

Со својата громогласна борба ја покажавме нашата одлучност за промени, тоа беше слоганот на минатата годишна Конференција кога бевме одлучни за промени. Промените се случија и сега сме повторно громогласни. Промени кои насушно и беа потребни на Македонија после седум годишното владеење на сегашната опозиција и дадовме сериозен придонес кон издвојувањето на историската победа на парламентарните и претседателските избори изминатата година, кога ја добивме и првата жена претседател на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

Но, нашата работа тука не е завршена. Нашата истрајност не е само борба за правичност во партиските редови, туку е и стремеж кон поголема демократска застапеност, каде гласот на жените не само што се слуша, туку и активно влијае врз обликувањето на идните политички и општествени процеси. Не се залагаме за декларативна рамноправност, туку за суштинска, реална и заслужена. Жената не треба да биде почитувана по привилегија само затоа што е жена, туку преку својот труд, знаење, способности и квалификации. Не сме тука денес само затоа што сме жени, туку затоа што сме компетентни, стручни и подготвени за сите предизвици. Нашата вредност и придонес, не треба да се мери во квоти, туку во заслуги: во знаењето што го носиме, во енергијата што ја даваме, во визијата што ја градиме. Само така ќе изградиме општество каде секој има шанса според својата вредност, а Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде силата што ќе ги зајакне, модернизира и турка овие политики напред – за подобро законодавство, за вистинска поддршка, за можности што не се само зборови, туку дела, кои одговараат на вистинските потреби на општеството.

Семејството е темелот на општеството и игра клучна улога во демографските трендови, вклучително и наталитетот, миграцијата и структурата на населението. А политиките што го подржуваат семејството, како што се мерките за родителско отсуство, достапност на детска грижа, квалитетно образование, економско јакнење на жените преку нивно ангажирање на пазарот на трудот, политиките што ги охрабруваат младите да основаат семејство, како и економски олеснувања, меѓу кои се и 6-те обиди за вештачко оплодување на државен буџет, можат да ја поттикнат позитивната демографска динамика на Македонија и да обезбедат долгорочна стабилност, раст и развој. Затоа, како Претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ давам силна поддршка за донесување на Национална стратегија за демографија преку конкретни мерки кои ќе се однесуваат на поддршка на мајките и семејствата како целина. Интегрираноста на жените во сите слоеви на општеството е клучна. Ние не треба да стоиме на периферијата, туку треба да бидеме активни учесници во креирањето политики, во водството, во промената на општеството. Нашиот стил на лидерство не се мери само со одлуките кои ги носиме, туку со начинот на кој ги изнесуваме истите. Ја чувствуваме тежината на одлуките, но никогаш не се колебаме да ги донесеме. Нашиот пристап не се базира само на логика, туку и на емпатија. Нашата сила е безгранична. Знаеме дека понекогаш тишината е посилна од зборот, но знаеме и да бидеме громогласни во заштита на семејството, а со тоа и на нацијата.

Жената е пулсот на општеството – животот што тече низ семејството, заедницата и нацијата. Таа не само што ги носи предиспозициите да раѓа идни поколенија, туку и ги обликува нивните вредности, морал и духовна сила. Нејзината љубов како мајка го гради темелот на иднината, нејзината посветеност како професионалец придонесува за развојот на општеството, а нејзината визија како лидер инспирира промени што оставаат траен печат. Таа е чувар на традицијата, заштитник на нацијата и двигател на модернизацијата на општеството. Кога жената е почитувана и поддржана, општеството станува посилно, похумано и поодржливо. Кога мажот и жената заеднички чекорат низ политиката, општеството добива рамнотежа, визија и сила. Нивната соработка носи различни перспективи, хуманост и решителност, создавајќи политики што ги одразуваат потребите на сите граѓани. Поддршката меѓу нив не е само лична, туку и симбол на единство, каде што компетентноста и посветеноста ја надминуваат секоја разлика. Кога политиката се гради врз заемно почитување и заеднички напори, нацијата напредува кон праведност, стабилност и инклузивност, обезбедувајќи иднина каде што секој има глас и место во општеството. Нема силен маж без силна жена, ниту успешна жена без маж кој бескомпромисно ја поддржува. Ние не сме спротивставени сили, туку партнери. Во животот, во семејството, во општеството. Поддршката не е слабост, туку основа за вистински напредок.

Би сакала сега да упатам јавна благодарност до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. Др. Христијан Мицкоски, кој постојано дава целосна и бескомпромисна поддршка на Унијата на жени. Како и до останатите колеги од партијата и до мојот тим. Мојот говор, ќе го завршам со изразување на искрена почит и благодарност до моето семејство. Вие сте мојата најголема сила, потпора и мојот неисцрпен извор на храброст и истрајност кога најмногу ми се потребни. Би благодарам што ја разбирате тежината на мојата мисија и покрај сите предизвици кои ги пребродивме заедно како семејство, вие сте најголемата причина за која ќе продолжам да бидам громогласна за успешна и стабилна Македонија до крај. Драги мои, останете громогласни за Република Македонија, да сте ми живи и здрави и да ни е вечна Република Македонија.

   

Најново

Мицкоски: Договорот со Обединетото Кралство е договор за партнерство и еден вид Нов договор за Македонија

Sase Ivanovski

(ФОТО) Мицкоски: Нашиот избор е лојалност кон сопствениот народ, изборот е Македонија, време е за Македонија!

Sase Ivanovski

За 14 години, повеќе од 430 жени беа убиени во Србија, а фемицидот сè уште не е посебно кривично дело.

Sase Ivanovski

Бомбаш самоубиец уби најмалку 13 лица во Могадишу

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Приведен разбојник во Скопје, кај него се пронајдени марихуана и одземеното

Sase Ivanovski

СДСМ: Распад на енергетскиот систем!

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода кочанчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Лишен од слобода ресенчанец, управувал возило со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, лишени од слобода три лица

Sase Ivanovski

Матица Македонска: Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на Раде Силјан се чествуваат и во Србија

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија посветена на странски инвестиции, турски „Шахтерм“ гради фабрика во Скопје, следи и инвестициски циклус во изградба на модерна карго и брза патничка железница, енергетски капацитети, болници

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за Модуларната болница, покажа дека судиите бирани во штабовите во Струмица и Тетово верно му слугуваат на СДС и ДУИ

Sase Ivanovski

Промени во партијата, но и во Владата до крајот на годинава- најави Мицкоски

Sase Ivanovski

Како да направите плескавици за да не се распаднат?

Sase Ivanovski

Пензионерка мора да врати 60.000 евра од пензијата- се жали дека нема пари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Мицкоски: Жените низ времињата биле моторот кој усмерувал

Sase Ivanovski

СДСМ: Кој е виновен што пола Македонија остана без струја?

Sase Ivanovski

Тешко повреден во кавадаречко Кумановец кој управувал четирицикл

Sase Ivanovski

Пратеник од крилото на Таравари, Салим Сулејмани, објави дека поднел оставка од сите функции во партијата, но и од функцијата пратеник

Sase Ivanovski

Нацевска: НБРСМ спроведе реформи за развој на финансиските пазари со видливи резултати

Sase Ivanovski

Папата Лав XIV на инаугуративната миса: Повик за мир, единство и заштита на природата

Sase Ivanovski

Возел без возачка и со 2.38 промили алкохол во крвта возел ресенчанец

Sase Ivanovski

Кои автомобили најмалку се расипуваат?

Sase Ivanovski

Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени три лица

Sase Ivanovski

ДУИ: Осуда за решението на Централниот регистар за прием на осум нови вработени без Албанец

Sase Ivanovski

Николовски: Очекувам македонското градежништво повторно да е меѓународно конкурентно

Sase Ivanovski

Оружје наместо автомобили – новата реалност на Чешка

Sase Ivanovski

Во Скопје наврна најмногу дожд

Sase Ivanovski

На Светскиот образовен форум и министерката Весна Јаневска

Sase Ivanovski

ВРЕДИ гарантира стабилност со бројки во владата, како важен столб на парламентарното мнозинство

Sase Ivanovski

Муцунски во работна посега на германската покраина Северна Рајна – Вестфалија

Sase Ivanovski

Грција во план за унифицирана наплата на патарина со Србија

Sase Ivanovski

АД МЕПСО: Струја немаше поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со мала облачност

Sase Ivanovski

Наместо од аптеките, таблетарната хормонска терапија пациентите ја земаат од Клиниката за онкологија

Sase Ivanovski

Мексикански висок брод удри во Бруклинскиот мост, скрши јарболи и уби 2 члена на екипажот

Sase Ivanovski

Американска живеачка: Плати од 55.000 долари, леб два долара, млеко еден долар…

Sase Ivanovski

Трамп со полициски Тесла автомобили се „шета“ низ Доха

Sase Ivanovski

Во Романија утрово се отворија гласачките места за вториот круг од повторените претседателски избори

Sase Ivanovski

Тошковски: Заедно со амбасадорот на Австрија, г. Мартин Памер, присуствувавме на официјалното примопредавање на противпожарно возило – донација од Покраината Тирол, Австрија, наменето за Доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ од Охрид и Дебрца

Sase Ivanovski

Во Полска денеска се одржуваат претседателски избори

Sase Ivanovski

Дупка затрупана со песок на „Партизанска“, но без предупредување за возачите…

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Брод на мексиканската морнарица удри во Бруклинскиот мост, двајца мртви и 22 повредени

Sase Ivanovski

Европски град им нуди на туристите бесплатни погодности: Постои еден услов и можете да го исполните за два дена

Sase Ivanovski

Бомба експлодира во Клиника за репродуктивно здравје во Калифорнија, еден загионат, петмина повредени

Sase Ivanovski

Со позитивна атмосфера против булингот…

Sase Ivanovski

Европа се „предомисли“ за дел од амбициозната зелена агенда и строгите таргети за намалување на загадувањето со јаглероден диоксид од автомобилската индустрија, под притисокот на европските брендови кои се соочени со силна конкуренција од кинеските електрични возила

Sase Ivanovski

Спортско-рекреативен настан „Шпаркасе лајф – прв до врв“ на Водно

Sase Ivanovski

Герасимовски: Кога младите ќе застанат едни до други и кога ќе изберат емпатија наместо насилство – тогаш сите победуваме

Sase Ivanovski

Вучиќ: Готово е со обоената револуција и блокадерските барања. Го слушам само нашиот народ! Живее и ќе живее Србија!

Sase Ivanovski

Поштарот некаде не ѕвони ни еднаш во месецот, доцнат писмата, пратките и сметките

Sase Ivanovski

Архитектката Даница Павловска ја проектирала фонтаната која е споменик за Егејците и била поставена по повод нивната средба во 88ма година во Скопје

Sase Ivanovski

Поради спортско-рекреативен настан „Прв до врв“ денеска посебен сообраќаен режим

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Колумбијци им свиреа македонска музика на луѓе од Бангладеш…

Sase Ivanovski

Србија е втора земја во Европа по број на обложувалници и казина по глава на жител

Sase Ivanovski

Место каде никој не работи за плата, но имаат се што им треба

Sase Ivanovski

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ има годишна конференција

Sase Ivanovski

(АРХИВА) Противпожарната опрема во јавни објекти ја сервисираат приватни компании за багателни цени!

Sase Ivanovski

Претежно ведро и сончево време со слаб променлив ветер

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Австрија победи на Евросонг 2025 во Базел

Sase Ivanovski

Урбаните моторџии денес возат во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Sase Ivanovski

Граѓани од Македонија заминаа да го поддржат Вучиќ во Ниш

Sase Ivanovski

Љупчо Поповски: Салвадор во Македонија

Sase Ivanovski

Американец под изолација во болница во Прага, постои опасност дека е заразен со ебола

Sase Ivanovski

Рубио: Трамп сака да се сретне со Путин што поскоро, се размислува за местото и датумот на средбата

Sase Ivanovski

Макрон во центарот на изборната пресметка помеѓу двајцата кандидати за претседател на Романија

Sase Ivanovski

Авионот со 199 патници летал 10 минути без пилот, копилотот се онесвестил заклучен во пилотската кабина

Sase Ivanovski

Торнада направија пустош во делови од Мисури и Кентаки, загинати луѓе, урнати објекти

Sase Ivanovski

Половина Македонија ноќеска остана без струја

Sase Ivanovski

Села: Таравари не треба да биде пречекан со раширени раце во Европскиот фронт

Sase Ivanovski

Загрижувачки 30 проценти од трудниците се соочуваат со депресивни потешкотии

Sase Ivanovski

Aнела Ставревска-Панајотова: Националниот парк Шар Планина е простор каде луѓето и природата живеат во рамнотежа

Sase Ivanovski

Вицепремиерот Фетаи на гости кај Курти со функционери на Алијанса

Sase Ivanovski

Таравари: Не сакавме да бидеме само декор во Владата

Sase Ivanovski

Николоски: Партнерството со Британија значи инвестиции, силна економија и стратешка позиционираност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Инцидент со обезбедувањето на Александар Вучиќ

Sase Ivanovski

Цела Финска денеска ја слушаше песната Darude

Sase Ivanovski

Зошто во зградите во Македонија има стубови иако ги нема никаде во светот?!

Sase Ivanovski

Трамп ќе им даде на Саудијците нуклеарен реактор и акции во воената индустрија во размена за 1 трилион долари

Sase Ivanovski

Во 1966-та Русите употребиле нуклеарна бомба за да угасат запалено наоѓалиште на гас

Sase Ivanovski
Вчитувам....