Концертот на Пеѓа Јовановиќ во СЦ „Јане Сандански“ кој требаше да се одржи на 5-ти април е одложен поради трагедијата во Кочани, а новиот датум на одржување е 15-ти мај. – Драги пријатели, сите ние живееме во период и ситуација која не можеме лесно да ја надминеме. Трагедијата и болката се огромни и на сите ни треба повеќе време за да можеме да се навикнеме и да продолжиме понатаму… Заедно со Пеѓа Јовановиќ и неговиот менаџмент одлучивме дека треба да го поместиме одржувањето на концертот за четврток, 15-ти мај. Се друго останува исто како првично предвиденото и планираното. Купените влезници важат за новиот датум, информираат „Евент Груп“, кои се организатори на настанот.
Еден од нив е и Здравко Чолиќ, кој требаше да одржи три концерти во Скопје. Одложен е и концертот на Бијело Дугме, кој наместо на 12-ти април, ќе се одржи на 31-ви мај во Скопје, како и на Кирил Џајковски, кој наместо на шести април, ќе се одржи на 15-ти јуни.