Полицијата во Хамбург уапси 22-годишен маж осомничен дека ја претепал до смрт својата мајка, позната германска писателка Александра Фролих, пишува списанието „Феникс“. Злосторството се случило ноќта помеѓу 21 и 22 април, а полицијата добила пријава околу 5:20 часот наутро кога еден од нејзините три сина се јавил во службите за итни случаи.
Според информациите од германски БИЛД, синот осомничен за убиство е во притвор. Фролих живеела во чуден, розов чамец со црни тркалезни прозорци во последните шест месеци, заедно со своите деца. На и во бродот, полицијата собрала бројни индиции што би можеле да бидат клучни за истрагата. Апсењето е извршено без отпор во хамбуршкиот округ Ротенбургсорт.