Се работи за лицето Александар Насковски кој е вработен во МО и бил член во извршниот одбор на НСПВМ, синдикат кој од 2009 година се бори за правата на професионални војници на Македонија.
Неуспевајќи на нелегален начин да го превземе НСПВМ со лажни потписи доставени до ОЈО, а исто така да им се земаат средтсвата преку нелегален начин ( документ во прилог ) во 2022 година отвора синдикат – Независен синдикат на професионални војници – СО Скопје во склоп на МЕСО ( Меѓуетнички синдикат на образование ) каде што после неколку направени финансиски малверзации од страна на Извршниот на МЕСО е избркан од раководството на НСПВ СО Скопје – МЕСО.
Помогнато од лица во МТСП а спротивно на законите отвара нова синдикална структура МЕС ( Меѓуетнички синдикат ) и нова синдикат под МЕС, Независен синдикат на професионални војници – СО Скопје, потполно ист назив на синдикат што е под МЕСО ( документ во прилог ).
За да биде уште поинтересна играта, Александар Насковски поднесува известување до МО дека НСПВ СО Скопје – МЕСО извршува промена на жиросметка а реалноста е друга ( документ во прилог ).
Имено жиросметката што е доставена до МО е од друг правен субјект или поточно од НСПВ СО Скопје што е под МЕС, а е прикажан како НСПВ СО Скопје – МЕСО.
Во истиот период од страна на лицето Александар Насковски е поднесено известување дека НСПВ СО Скопје под МЕСО врши промена на членарината и се врши покачување од 100 денари на 300 денари без знаење и одобрување на извршниот на НСПВ СО Скопје под МЕСО.
Се додека се открија малверзациите на лицето Александар Насковски, на негова сметка, спротивно на законите легнаа неколку стотици илјади денари, што до ден денеска не се вратени на вистинската сметка во НСПВ – СО Скопје под МЕСО.
Исто така во неколку наврати употребил печати од 4 синдикални структури каде што он се прикажува како претседател, само со единствена цел, злоупотреба на Синдикатот ( документи во прилог ).
Пријавен е во полициска станица – Аеродром за кражба на лаптоп, принтер и печат во сопственост на НСПВМ каде што до ден денеска не ги има вратено.
Вработените во Министерството за одбрана прашуваат, за кои центри работи Александар Насковски, зошто не се превземаат мерки од страна на МО и МТСП за бришење на таа синдикална структура основана спротивно на закон и иако има докази дека Александар Насковски ги прекршила законите и кои се заканите кои што Александар Насковски ги упатува према МО и МТСП преку социјалните мрежи.
Во прилог:
– Одлука за разрешување на Александар Насковски од НСПВ СО Скопје при МЕСО,
– 4 потпишани документи со 4 различни печати,
– Документ пратено до МО од страна на Александар Насковски за промена на жиросметка на синдикат превземен согласно Законот за информација од јавен карактер.
– Пробано од негова страна и од друг синдикат да му се земаат средствата спротивно на закон и Статут на синдикати.
– Документи од централен регистар дека се работи за 2 различни субјетка но со ист назив, спротивно на законите во МТСП.