Плакати со фотографии на претседателите на Србија и на САД, Александар Вучиќ и Џозеф Бајден и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху, покрај кои се испишани пораките „Убијци на слобода! и „Извоз на оружје за геноцид“, беа залепени денеска во центарот на Нови Сад. На непотпишаните плакати покрај фотографиите на тие државници стои и пораката „Поддршка на народот на Палестина“.
„Државата Србија извезла оружје во таканаречениот „Израел“ во вредност од најмалку 15 милиони евра. Директорот на Југоимпорт Југослав Петковиќ и Александар Вучиќ се соучесници во геноцидот!“, пишува на плакатите, јавија новосадските медиуми.