Автомобилската индустрија на Европа, која направи чекор кон „зелена мобилност“, се соочува со глобална конкуренција која имала поголема политичка поддршка, што неминовно влијае на конкурентноста и директно се одразува на пазарната економија. Европската комисија објави дека го одложила предлогот за нова климатска цел на ЕУ во првиот квартал од оваа година, со што автоматски се одложи договорот за намалување на емисиите до 2040 година. ЕК потврди дека веќе овој квартал ќе го измени планираниот закон на ЕУ за климата, што е долго планиран потег со кој би се поставила цел за намалување на емисиите за 2040 отсто.
Климатските цели на ЕУ во тој закон одредуваат колку поединечните земји мора да ги намалат своите нето емисии, во споредба со нивоата од 1990 година. ЕУ сега (како и повеќето земји во светот) исто така го пропушти рокот во февруари да поднесе климатски план до Обединетите нации до 2035 година, за што Комисијата најави дека треба да се продолжи целта на ЕУ до 2040 година. Предлогот за нов, релаксиран, тригодишен просек на емисии на CO2 е чекор во вистинската насока, усогласувајќи ги целите за декарбонизација со реалните пазарни и геополитички предизвици. Затоа, целите утврдени со претходните законски регулативи на ЕУ, вклучително и онаа за прекин на производството на возила со класични мотори во 2035 година, не се напуштаат. Со оглед на тоа што комерцијалните возила со нулта емисија претставуваат само два отсто од сите нови регистрации, потребно е забрзување на производстството на овие возила.