Објаснување за поблаги мерки за нив е и верувањето на обвинителството дека тие ке им бидат достапни и нема да се дадат во бегство и затоа било доволно само судот да им ги одземе пасошите и личните карти.Инаку интересно е што Ставревски кој цело време беше министер за финансии во владата на Груевски,од бившото СЈО беа поднесени кривични пријави за стотици функционери од тогапната власт за злоупотреби на службената должност а иако минисстер за финансии во влада за која според снимките од прислушувањето имаше и за многу коруптивни случаи тој практично беше единствен висок функционер кој не беше опфатен во обвиненијата иако ја додеше речиси 11 години државната каса.
Четворица од вчера приведените меќу кои тогашниот председавач на општината Центар Владимир Здравев кој се смета за клучна фигура во криминалот со цените на спомениците и уште тројца добија по 30 денови притвор во Шутка.
Тогашниот градоначалник Владимир Тодоровиќ доцна синоќа доби куќен притвор, таков притвор доби уште еден осомничен а еден од осомничените е во бегство. Акцијата за приведување на осомничените според обвинителот Лапе ја активирал Владимир Здравев кој најверојатно добил информации дека во случајот со 11 споменици тежок 57 милиони евра од кои 16 милиони евра завршиле во приватни џебови односно имало злоупотреба на службена дејност и перење пари.
Обвинителот објасни дека осомничен е и еден Италијански државјанин кој веројатно тешко ќе биде обезбеден но од леарницата во Италија ги добиле фактурите кои се половина пониски од тие што се наплаќале од касата на општина Центар. Во криминалот првоосомничен е тогашниот премиер Никола Груевски кој вчера преку фејсбук, очекувано како и за други обвинувања, и овој случај го оквалификува како политички прогон и спинување за да се затскриела криминалната и неспособна актуелна власт. Груевски и ова обвинување го прати по фејсбук од Будимпешта каде што пред повеќе години е во бегство и доби политички азил од неговиот пријател Орбан.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ од чии редови се осомничените кои беа дел од раководството во времето на Груевски операцијата Феникс ја оценија како операција извадена од нафталин за да се покријат актуелните случаи со, според нив, криминалите со купувањето на трговскиот центар Соравија од страна на внукот на Али Ахмети, Дрин, ставањето на градоначалникот Мерко на црната листа на САД за корупција и влијание во судствот и други криминали на владеачката ДУИ. ВМРО ДПМНЕ како партија се нема оградено од криминалот во проектот Скопје- 2014.