Осомничениот во петокот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобил кој бил во сопственот на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Поведена е истрага против 37-годишен скопјанец поради основано сомнение за сторено кривично дело – полов напад и силување, соопшти Јавното обвинителство. Осомничениот во петокот, на 21 февруари, насилно извршил обљуба врз жена во автомобил кој бил во сопственот на неговиот татко, принудувајќи ја на сексуален однос против нејзина волја и согласност. Жената за цело време се спротивставувала на неговите допири, но тој ја удирал по главата и телото со боксови и тупаници, како и со нога по лицето, по што таа започнала силно да крвари.
„На крај, насилно ја принудил и на сексуален однос, иако жртвата неуспешно се обидувала да се оттргне и да избега“, соопштија од обвинителството. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор, поради околности кои укажувале на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото. Извор: Новинска агенција МЕТА