Бројот на загинати во силниот земјотрес што вчера го погоди Мјанмар се искачи на повеќе од 1.000, додека спасувачите очајнички ги бараат преживеаните по урнатините на урнатите згради. Воената влада објави дека трагичниот биланс засега е 1.002 мртви, а над 2.300 се повредени. Најмалку девет луѓе починаа и во Тајланд, каде што исто така се почувствува земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, чиј епицентар беше во Мјанмар. Во Бангкок се урна 33-катна зграда во изградба, при што 49 луѓе и натаму се водат како исчезнат. Шефот на војската на Мјанмар прогласи вонредна состојба и побара од секој што може да помогне да излезе. ОН веќе се во контакт со властите.
Геолошкиот институт на САД процени дека во Мјанмар би можело да има над 10.000 загинати и дека загубите би можеле да го надминат годишното економско производство на земјата. Воената хунта на Мјанмар кажа дека земјотресот уништил мостови, згради и патишта, при што водечкиот генерал упати редок повик за меѓународна помош. Кина, Русија, Индија, Сингапур и Малезија почнаа да испраќаат помош и персонал во Мјанмар, каде што владее хаос по пучот што го изврши војската во 2021. Помош најавија и Јужна Кореја и САД.