Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди и со повремено засилен, до силен ветер од северен правец (повремено и локално со брзина до околу 70 км/час). Најизразен ветерот ќе биде Долж Повардарието и во источните предели од нашата Македонија. Денес (четврток 10 април) и во (сабота 12 април)ќе има појава на локален дожд, додека на повисоките планини (над 1700/1800 метри надморска височина) ќе има појава на повремен снег. И во делови од Скопскиот регион денес (четврток 10 април), како и во (сабота 12 април) ќе има услови за краткотраен дожд. Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец (повремено во делови од котлината ветерот ќе достигнува брзина до околу, па и над 60 км/час).
Што се однесува до температурите, тие од ден на ден ќе бидат се повисоки, како минималните утрински, така и максималните дневни температури на воздухот. Преку ден температурите речиси насекаде ќе надминуваат 10 степени, на многу места тие ќе се искачат и над 15 степени, а во Повардарието, како и во југоисточните предели тие ќе се движат околу 20 степени.