2.8 C
Скопје
02/02/2025 01:31
МАКТЕЛ

   

Повици за одговорност за смртта на Фросина Кулакова, законски измени за поголеми казни во сообраќајот

     

Граѓаните бараат соодветно санкционирање и одговорност за прегазената 22-годишна Фросина Кулакова во Скопје. Револтот вчера беше изразен преку протест на местото на кое почина Фросина, пред Собранието, пред Кривичен суд, како и во родниот град на девојката, Неготино. За несреќниот настан се огласија и политичарите, порачувајќи дека гневот на јавноста е разбирлив и оти секој во системот мора да ја понесе својата одговорност. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ најави дека следната недела ќе се одржи јавна дискусија за законски измени со кои ќе се заостри казнената политика во сообраќајот. На осомничениот за смртта на Фросина, 20-годишниот В.Ј, вчера му е одреден притвор од 30 дена, а според Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, тој на 29 јануари, поминувајќи на црвено светло, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, ја прегазил Кулакова која на обележан пешачки премин ја преминувала коловозната лента на бул. „Партизански Одреди“.

– Судија на претходна постапка во текот на вчерашниот ден, по произнесување на Јавниот обвинител и осомничениот В.Ј., го прифати предлогот и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. Ст.1. т.1, 2 и 3 односно Опасност од бегство, Попречување на истрагата со влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, информираа вчера од Основен кривичен суд Скопје.

   

 

Кривичен суд

Осомничениот има претходни кривични делаПротив него претходно имало пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со полесни повреди. Осомничениот бил во притвор, а потоа Основниот кривичен суд Скопје одлучил да му изрече воспитна мерка упатување во воспитно поправен дом, укинувајќи ја притворската мерка.

Од Судот вчера соопштија дека што се однесува до претходните судски постапки кои биле водени против осомничениот, Јованов на 31.07.2024 година бил првостепено осуден, со пресуда К.бр. 1439/24 по кој постапувала судијата Даниела Алексовска Стојановска и тоа за две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ од чл. 215 ст.1 и чл. 215 ст.1 вв со чл. 22 од КЗ со која пресуда заради неговата возраст, со неполни 20 години, а согласно одредбите од Законот за правата на децата, судот му изрекол воспитна мерка.

-Станува збор за Заводска мерка – Упатување во воспитно поправен дом, каде согласно чл. 48 ст.3 и ст.4 обвинетиот во домот останува најмалку 6 месеци, а најмногу 5 години односно до наполнети 23 години, во која пресуда му се засметува и времето поминато во притвор, по истиот предмет од 02.04.2024 година до 12.08.2027 година. Согласно Законските одредби од ЗКП по досудена Заводска мерка, мерката притвор не може да опстојува, заради што Јавниот обвинител вложил жалба само во однос само на кривичната санкција. Предметот на 07.11.2024 година е доставен на надлежно постапување на Апелацискиот суд Скопје, од каде сеуште не е вратен на евентуално извршување, појаснуваат од Обвинителството.

– Masë të paraburgimit në kohëzgjatje prej 30 ditësh i është caktuar 20-vjeçarit Vasil Jovanov i cili natën e së mërkurës në bulevardin “Aradhet partizane” ka goditur me automobil 22-vjeçaren

Согласно евиденцијата на Судот, Јованов не бил осудуван за друго кривично дело и не се водела друга постапка за други кривични дела.

-Исто така до овој момент до судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентирано, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир. Како Суд, изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено 7 месеци потоа. Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после 7 месеци од донесената пресуда, со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја, како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат, нагласуваат од Судот.

Оттаму прашуваат дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде, како што велат, не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид кој било граѓанин кој претходно не бил во судир со законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и не поседување возачка дозвола и додаваат дека дека станува збор за општествен проблем. Како што информира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски, сакаат да интервенираат со законски измени со цел, како што рече, да се одземе можноста за различно толкување и да не се случува повеќе прогледување низ прсти за тие кои имаат кој да ги извади или врски во правосудството.

– Денеска имавме разговори внатре во пратеничката група заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски бидејќи неговиот став е дека треба да се проверат оние членови во законите кои ги детерминираат казните за овие дела бидејќи вака како што се поставени некој судија може да ги толкува на еден или друг начин и веќе во понеделник ќе почнеме со постапка за организирање на јавна дискусија за да можеме ова прашање да го отвориме пред Собранието. Таа експресно брзо ќе се случи, веќе наредната недела. И да видиме како овие членови би се промениле со цел ваквите деликвенти да бидат соодветно казнети, за овие дела повеќе да не ни се случат. Најверојатно во петок ќе се одржи јавната дискусија, рече Стојаноски синоќа во гостување на ТВ Сител.

Претходно министерот Тошковски преку социјалните мрежи посочи дека гневот на јавноста е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но, нагласи, ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените, порача Тошковски, мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност.

– Јавноста со право прашува, како е можно лице кое е криминално досие, без возачка дозвола, со голем број на претходни прекршувања на сообраќајните правила, повторно да биде зад воланот? Ова, не се само дилеми за дискусија, туку реален и сериозен проблем што бара конкретни и неодложни решенија. МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам. Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?, наведе министерот за внатрешни работи изразувајќи сочувство за смртта на младата девојка.

И премиерот Христијан Мицкоски истакна дека револтот на граѓаните е оправдан и оти ги поддржува протестите, најавувајќи дека ќе се спроведе ригорозна казнена политика на санкционирање на ваков тип дивеење. Премиерот изрази надеж дека судско-обвинителскиот систем со доверба помала од 2 проценти кај граѓаните, конечно ќе се ослободи од партиските и други влијанија, и ќе суди, обвинува според закон.

Пред три месеци, во

– Апсолутно е оправдан револтот на граѓаните и тука нема никаква дилема и еден од начините да се надмине сето ова е токму оној систем што треба да детектира ваков тип на дивеење по булеварите и улиците не само во главниот град, туку и насекаде во државата. МВР тоа како постапка го спроведува, и наскоро ќе имаме еден таков систем којшто ваков тип на дивеење ќе санкционира. И тоа мора да се случи. Колку и да треба политички куршуми да добиеме ние, тоа мораме да го инсталираме имплементираме и да преземеме казнена политика која што ќе биде ригорозна, затоа што и еден живот да спасиме сме ја постигнале целта, рече Мицкоски. Од опозициската СДСМ преку соопштение изразија длабоко жалење и сочуство кон семејството на трагично загинатата Фросина.

-Овој шокантен настан уште еднаш ја покажува сериозноста на проблемот со безбедноста на улиците и потребата за итно и решително дејствување од страна на институциите, стои во соопштението. Од СДСМ побараа максимална казна за сторителот во брза и транспарентна постапка.

-Го поддржуваме револтот на граѓаните и нивните барања за правда и поголема безбедност. Во знак на солидарност Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) ќе се приклучи на протестот, се вели во соопштението.

 

Граѓаните кои беа на мирниот собир запалија свеќи и положија цвеќе пред фотографијата на Фросина. Преку написите како „Врските не враќаат човечки живот“ и „Не е несреќа, туку убиство“ тие поб

На протестите што се одржаа вчера во Скопје и Неготино, родниот град на Фросина,  стотици граѓани побараа правда за трагичната смрт на младата девојка. Во Скопје протестот почна од пешачкиот премин во близина на пекарата „Силбо“ каде беше прегазена Фросина и граѓаните продолжија да маршираат кон Собранието, а потоа кон Кривичниот суд.

Протестот во Скопје почна со три минутен молк за трите девојки кои досега биле прегазени на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Покрај Фросина Кулакова, на 20 јануари 2022 година на пешачкиот премин кај крстосницата кај ТЦ „Скопје Сити Мол“ беше прегазена студентката Викторија Николова, а на 3 април 2015 година студентката Фросина Цековска на пешачки премин кај Универизална сала. Учесниците на протестот носеа транспарент на кој беа испишани имињата на трите девојки жртви на несовесни возачи.

На протестот во Неготино   граѓаните исто така побараа одговорнст, побезбедни улици и поголема свесност од сите. „Неказнивоста е правен неуспех!, да не се повтори!“, беше порачано на протестот во  Неготино.

На протест во  Неготино, родниот град на 22-годишната Фросина Кулакова што завчера беше прегазена на ул. „Партизанска“ во Скопје, попладнево беше побара одговорност за трагедијата и упатени п

Таткото на Фросина, Тодор Кулаков порача вакво нешто да не се случи никому.

-Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата. Честитам за сенсот граѓански, не знам што планирате, дали ќе продолжувате. Мој совет ви е, доколку сакате да продолжите и доколку сакате вистински да стигнете до она што вие сте го зацртале, тогаш под број еден, никако немојте да дозволите да ставите која било политичка позадина. Движете се чисто како граѓански сектор и вашите ставови да не се исто така препознатливи дека се од некоја, една или друга политичка група. Ако така настапите, тогаш навистина ќе бидете едно здружение на граѓани за пример. А јас, од тој аспект гледано, од срце најискрено ви посакувам голем успех, рече Кулаков.

Од Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) вчера соопштија дека осомничениот за смртта на Фросина, на 29 јануари, како учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал патничко возило „Пежо 207“ сопственост на неговиот татко по десната сообраќајна лента од булевар „Партизански Одреди“. Меѓутоа, наведуваат од ОЈО, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај. Автомобилот го управувал без возачка дозвола и под дејство на алкохол со 0,82 промили присуство на алкохол во урина, со што го довел во опасност животот на луѓето.

Од Обвинителството додаваат дека кога осомничениот дошол пред обележан пешачки премин на крстосницата со ул.„29-ти Ноември“, не ја приспособил брзината на движење на возилото спрема својствата и состојбата на патот и сообраќајот и другите сообраќајни услови за да може навремено да го запре возилото пред секоја пречка.

– Пред пешачкиот премин регулиран со семафори кои за време на незгодата работеле исправно, продолжил со движење на вклучено црвено светло на семафорот и со предниот лев дел од возилото удрил во телото на пешакот-жртва Фросина Кулакова, која на обележан пешачки премин попречно ја преминувала коловозната лента. Од ударот оштетената се здобила со тешки телесни повреди од кои на лице место починала, се наведува во соопштението.

За прегазената млада девојка Фросина Кулакова е најавен протест и в недела во Кавадарци.

 

Најново

(ВИДЕО) ЕДНА ОД НАЈДОБРИТЕ ИНСТРУМЕНТАЛНИ ПЕСНИ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Sase Ivanovski

Коста Костадинов: Ги слушнав барањата на организаторите и ветувам дека се што е во моја надлежност и надлежност на општината, а веќе не е направено, ќе се потрудиме да направиме.

Sase Ivanovski

СДСМ – Скандал во Шутка: Васов кој ја прегази Фросина добил мобилен телефон, Тошковски да одговори кој го шити?

Sase Ivanovski

Никогаш не се расправајте или борете се со нарцис – правете го ова наместо да ве заробат д-р Рамани

Sase Ivanovski

Шукова: Парното поскапува заради неспособноста на Владата, стандардот на граѓани во слободен пад

Sase Ivanovski

Лефков: ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на сите пресуди каде криминалци во време на СДС наместо затворски добиле пониски казни, судот мора да покаже поголема одговорност

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Катни гаражи на Клинички – решение за паркинг или „златна кокошка“ за идниот концесионер

Sase Ivanovski

ВМРО-ДМПНЕ: За седум години власт СДС потроши над 30 милијарди евра буџетски пари и не направи ништо за развој на економијата и државата

Sase Ivanovski

ВЛЕН: Ги зголемуваме платите на здравствените работнициза да го подобриме квалитетот на услугите

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се тие кои што го уништија енергетскиот систем и претпријатија, а цената на струјата ја покачија за 50%

Sase Ivanovski

НСДП: ЗАРАДИ НЕСПОСОБНАТА ВЛАДА НАД 60 ИЛЈАДИ ДОМАЌИНСТВА ВО СКОПЈЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОСКАПО ПАРНО

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали има коалициски договор во Владата да се чека Косово на патот кон ЕУ?

Sase Ivanovski

СДСМ: Симовска веднаш да биде разрешена, за хаосот на Клиниката „Козле“ мора да има одговорност

Sase Ivanovski

Шукова: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се некадарни да водат држава, не се грижат за грѓаните

Sase Ivanovski

Герасимовски: Ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар, работиме и викендов

Sase Ivanovski

СДСМ: Лефков и ВМРО-ДПМНЕ се очајни, судијката е од тефтерчето на Јанкуловска избрана во 2012 година

Sase Ivanovski

Обвинителството побара притвор за жената која со автомобил удри пешак и не му пружи помош

Sase Ivanovski

Се размислува за законски измени за повисоки казни во сообраќајот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Марков: Во време на СДС се вршени злоупотреби со лековите за ретки болести на Клиниката за дерматологија, констатира ДЗР

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: За време на владеење на СДС, ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон преку монтирани случаи за кои судиите, партиските соопштенија, ги преточуваа во пресуди

Sase Ivanovski

СДСМ: Мицкоски го осиромашува народот – Македонија на врвот со најскап леб во Европа!

Sase Ivanovski

Мицкоски: Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани

Sase Ivanovski

Полни рафтови, празни каси: Граѓаните ги бојкотираа маркетите поради високите цени

Sase Ivanovski

Контраспин: Стоилковиќ и Додик со љубов од Скопје само за Белград и Москва

Sase Ivanovski

Ноќеска почувствуван земјотрес, епицентарот десет километри источно од Скопје

Sase Ivanovski

Во напад на пазар во Судан загинати повеќе од 50 луѓе

Sase Ivanovski

Продолжуваат протестите на српските студенти, денеска се затвораат трите моста во Нови Сад

Sase Ivanovski

Уапсена жената што удри пешак и побегна

Sase Ivanovski

Од денеска на сила царините на Трамп за Канада, Мексико и Кина, најавени се давачки и за ЕУ

Sase Ivanovski

На градинките во Карпош итно им треба персонал: За 25 деца во јасли се грижи една негувателка

Sase Ivanovski

Анализа на КРИК за борбата на српската СНС во Нови Сад за наклоноста на Андреј Вучиќ

Sase Ivanovski

Сами си ги убивме децата

Sase Ivanovski

Мобилниот телефон на Васил Јованов во притвор му е одземен, ќе следува истрага за затворската полиција за санкционирање на тој што му го овозможил

Sase Ivanovski

Зеленски: Нападите од Русија се доказ дека ни треба поголема поддршка

Sase Ivanovski

Шест арапски земји го отфрлија планот на Трамп за раселување на Палестинците

Sase Ivanovski

Прометот на маркетите паднал на половина за време на бојкотот, премиерот Мицкоски вели се прават анализи

Sase Ivanovski

Лажната изборна победа на Лукашенко во Белорусија

Sase Ivanovski

Николоски: Со реалните цени на државниот квадрат ќе се регулира пазарот на недвижнини

Sase Ivanovski

Измама: ЈП „Тетовo Транспорт“ не нуди билети за 145 денари, не кликнувајте на линкот

Sase Ivanovski

Дувњак: Данците трчаат 60 минути, нè чека вистинска војна!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Илјадници студенти и граѓани ги блокираа мостoвите во Нови Сад, Мостот на слободата ќе биде блокиран 24 часа

Sase Ivanovski

Костова: Кукавички е Мицкоски да се иззема од процесот на покачување минимална плата

Sase Ivanovski

ВМРО ДПМНЕ спрема анкети за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

МЛАДИТЕ БРАЧНИ ДВОЈКИ НЕ МОЖАТ ДА СИ КУПАТ СТАН Николовски најави дека се работи на нормализирање на цената за квадратен метар

Sase Ivanovski

Се запалил руски шпионски брод крај Сирија, горел со часови

Sase Ivanovski

СКОПЈАНКА ГО ИСКРШИЛА ВОЗИЛОТО НА ДЕВЕРОТ Полицијата синоќа ја привела

Sase Ivanovski

ВЕЛЕ МИТАНОСКИ: Данок во крв (убија дете) – корумпираниот систем ја усмрти Фросина

Sase Ivanovski

Гостивар се засили со поранешен напаѓач на Лидс кој вреди 700.000 евра

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија на судски пресуди: Судијката беше главен извршител на СДСМ

Sase Ivanovski

Еден од најбараните трговци со дрога е уапсен во Колумбија, тврдел дека е српски бизнисмен

Sase Ivanovski

Симулациска вежба за проверка на функционалноста на системот за безбедност

Sase Ivanovski

Лажниот полицаец ги „одра“ кумановци – жена му дала 30.000 евра на измамникот

Sase Ivanovski

Студенти од Хрватска со протестен молк ги поддржаа српските колеги

Sase Ivanovski

„Забрането дишење“: Протестен марш во Струмица против енормното загадување

Sase Ivanovski

ВМРО-Народна повикува да се бојкотира ексју музиката

Sase Ivanovski

Николоски: Државата ќе гради комерцијални станови за да ја спушти цената на квадратот

Sase Ivanovski

Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре

Sase Ivanovski

Шведска: Oслободени се уапсените за убиството на Ирачанецот кој го палеше Коранот

Sase Ivanovski

ДУИ изразува загриженост за измените на Законот за инспекциски надзор

Sase Ivanovski

Прилепските фирми заинтересирани за унгарскиот кредит, 25 се подготвени за аплицирање

Sase Ivanovski

Една недела гори депонијата кај Прилеп, според надлежните намерно се пали

Sase Ivanovski

Утре нов граѓански револт за Фросина, протестот започнува во 17 часот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО+ФОТО) Поради петочната молитва сообраќаен хаос на булеварот „Гоце Делчев“ кај УКИМ

Sase Ivanovski

„Вреди“ Ги зголемуваме платите во здравството, услугите се сѐ подобри

Sase Ivanovski

Шукова: Неспособната власт купила поскап гас

Sase Ivanovski

ВИДЕО: Во Сплит, Загреб и Осиек се одржаа собири за поддршка на српските студенти

Sase Ivanovski

Родителите на најголемиот крипто-измамник бараат помилување од Трамп: Ќе се ослободи ли Сем Банкмен Фрид?

Sase Ivanovski

Мицкоски за цените во маркетите: Нашите стравувања стануваат вистина и реалност

Sase Ivanovski

Ни требаат системски решенија за безбедноста во сообраќајот, вели директорот на БЈБ Јанев

Sase Ivanovski

Инспекторите се во сите поголеми маркети, вели Мицкоски по вчерашниот бојкот

Sase Ivanovski

Костова: Мицкоски е директен соучесник во покачувањето на цените

Sase Ivanovski

Хрватската легенда Аљоша Асановиќ се сретна со Омерагиќ и Христов

Sase Ivanovski

Возач загина откако излетал од скопската обиколница

Sase Ivanovski

Сто милиони евра повеќе за здравството, во мај ќе пораснат платите за 5 до 8 отсто

Sase Ivanovski

Бојкотот на македонските маркети поуспешен и од хрватскиот – прометот речиси преполовен

Sase Ivanovski

Николоски: Во моментот се градат социјални станови во три општини

Sase Ivanovski

Карпош ги запали багерите, се чистат „дивонаселени импровизирани градби“

Sase Ivanovski

Мицкоски: Месецов ќе почнеме со анкети за кандидати за градоначалници

Sase Ivanovski

ВМРО-НП бара да се бојкотираат настапите на ексју-изведувачите, ги качувале цените на концертите

Sase Ivanovski

Одлична вест за Ѓоковиќ: Повредата не е толку сериозна, се враќа побрзо од очекуваното

Sase Ivanovski
Вчитувам....