Иако претседателот на Србија уште синоќа веднаш се сликаше со повредениот полицаец и ги обвини студентите, се чини дека ударот го задал негов колега. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои јасно се гледа дека припадник на униформираната полиција го удира полицаецот во цивил, Лазар Бачиќ, кој беше повреден во окото за време на синоќешниот протест пред Радио-телевизија Србија (РТС). На снимките објавени на социјалната мрежа X се гледа како полицаец во опрема за разбивање демонстрации му задава удар во лицето на маж облечен во цивилна облека. По ударот, мажот губи рамнотежа и паѓа на земја. Врз основа на облеката што ја носи, како и други снимки и фотографии, може да се заклучи дека станува збор за повредениот полицаец Лазар Бачиќ, пишува ТВ Н1. Претходно се појави уште една снимка на која се гледа полицаецот во цивил пред почетокот на интервенцијата на жандармеријата. Како што може да се забележи на снимката, кордонот на полицијата се движи кон влезот на РТС, додека редарите формираат жив ѕид пред влезот. Полицаецот во цивил се движи покрај оградата, застанува, а потоа „влегува“ во колоната униформирани полицајци кои брзо се движат. Токму тогаш го добива ударот. Само неколку секунди подоцна, се гледа како ја напушта таа локација, повреден во окото. На снимката доставена до ТВ Н1, се гледа и како студентка-редарка оди по повредениот полицаец во цивил и вели „господине…“, „помогнете му“, додека претходно еден граѓанин прашува „дали сте добро, треба ли ви помош?“. https://x.com/miragojkovic/status/1899263727104344180 И покрај тоа што од приложеното јасно се гледа како е повреден полицаецот Бачиќ, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ноќеска избрза да соопшти дека зад нападот стојат „болшевички пленумаши пред зградата на РТС“.
View this post on Instagram
Вучиќ објави слика со Бачиќ, тврдејќи дека овој припадник на МВР е „удрен со боксирач“.
„При пристигнување на задача и влегување во зградата на РТС, жандармеријата беше попречувана и нападната, при што еден припадник на жандармеријата беше повреден и пренесен во Ургентниот центар поради повреда на окото. По влезот на жандармеријата во зградата на РТС, немаше никакви судири ниту интервенции“, соопшти српското министерство за внатрешни работи. Пред зградата на РТС дојде до инцидент кога жандармеријата проби жив ѕид од студенти. Како што се гледа на снимките објавени на социјалните мрежи, полицајците со палки удрија неколку собрани граѓани. Според извештаите на репортерката на ТВ Н!, студентите се обиделе да постават барикади, по што доаѓа до судир со полицијата. Студентите од ноќеска ја блокираат зградата на РТС, откако на јавниот сервис беа наречени „орда“. Блокадата, според најавите, треба да трае 22 часа. Извор: Новинска агенција МЕТА