Погледнете го новото видео „Од статистички податоци до ефективни политики“, креирано во соработка помеѓу Finance Think и Државниот завод за статистика
Зошто се важни податоците?
🔹 За да креираме економски политики засновани на докази
🔹 За да го зголемиме ефектот на јавните мерки
🔹 За да градиме доверба преку квалитетна, споредлива и проверлива статистика
🎯 Видеото ги отвора прашањата:
✔ Како институциите ги користат статистичките податоци?
✔ Како се поврзуваат меѓународните стандарди со домашното прибирање податоци?
✔ Како Finance Think ги користи податоците за да симулира ефекти на политики?
Економската активност на жените на пазарот на труд е ниска.
👩👧 Обврски за грижа за деца и семејството
🏫 Недоволна инфраструктура за згрижување
💼 Ограничен пристап до флексибилно вработување
📉 Родови стереотипи
👀 Погледнете го нашето ново видео за да дознаете што се крие зад причините и како можеме да го промениме тоа!
Економски форум:
Поттикување на работоспособните жени: Стратегии за отклучување на потенцијалот и зголемување на продуктивноста
Клучни поенти од Економски форум
Имавме чест да го удостоиме Амбасадорот на Република Казахстан, н.е. Сатибалди Буршаков, заедно со советникот г. Каират Ахметалим.
Посетата се одржа со цел продлабочено запознавање со активностите на Амбасадата во домените на економијата и енергетиката, како и претставување на нашата работа и истражувачки фокус. Разговаравме за можностите за идна соработка и размена на искуства, со заедничка амбиција за продлабочување на економските врски меѓу двете земји.
⚠️ Нашиот труд „Зад завесата: културните норми, родовите стереотипи и ставовите за работата ја обликуваат неактивноста на жените на пазарот на трудот во Северна Македонија“ е објавен во научното списание *Eastern European Economics* (импакт фактор на Web of Science од 1️⃣.3️⃣)
Научниот труд произлезе од едногодишната работа за анализа на причините за женската неактивност на пазарот на труд во земјата, и за начините да се постигнат мерливи исходи кај продуктивноста на работоспособните жени.
📢 Државата што побрзо да дојде до договор за слободна трговија со Америка