Од стрип до реалност: во соработка со креативната ангенција Jung von Matt, овој сeмеен SUV се појавува како секојдневен херој. Просторен, едноставен, забавен: новата кампања ги истакнува моќните страни на Opel Frontera Паневропска 360о кампања: од денес може да ја погледнете Frontera на сите медиумски канали Вредности (комбинирано) за Opel Frontera Electric со 83 kW (113 КС) според WLTP: потрошувачка на енергија 18.2-18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A Вредности (комбинирано) за Opel Frontera Hybrid со 107 kW (145 КС) според WLTP: потрошувачка на гориво 5.2-5.3 l/100 km, емисија на CO2 118-120 g/km; CO2 ознака: D
Вредности (комбинирано) за Opel Frontera Hybrid со 81 kW (110 КС) според WLTP: потрошувачка на гориво 5.2-5.3 l/100 km, емисија на CO2 119-120 g/km; CO2 ознака: D Rüsselsheim. Новата Opel Frontera е совршен семеен SUV, но е направен поинаку. Ова е несомнено јасно покажано со Европската 360 кампања, која денес започнува како крос-медиумска кампања во Германија. Додека многу современи автомобили стануваат сè покомплицирани и поскапи, Frontera нуди токму она што навистина им е потребно на повеќето клиенти: просторност, се фокусира на основните работи, интуитивен за користење и пред сè достапен. Накратко: семејниот, електрифициран SUV на Opel е подготвен за секојдневни авантури. Во соработка со креативната агенција Jung von Matt, Opel на забавен, шеговит начин покажува дека Frontera е многу повеќе од ѕвезда од стрипови: таа е секојдневен херој на кој клиентите можат да сметаат.
“Новата Opel Frontera е секојдневен херој кој семејствата го бараат. Со својот робустен дизајн, просторност, електрифицирани погонски склопови и достапност со прифатлива цена, тоа е автомобил дизајниран да се справи со Вашите секојдневни животни авантури. Во соработка со нашата креативна агенција Jung von Matt ги покажуваме нејзините супермоќи на смел нов начин. Резултатот? Frontera како суперхерој во сопствената приказна, свежа, неочекувана и директна фокусирана на предностите за клиентите од нашето најново лансирање. Веруваме дека ова ќе ја позиционира нашата нова Frontera високо кај нејзината целна група и ќе продолжи да го гради индентитетот на нашиот бренд, што луѓето сега јасно го поврзуваат со Opel“, изјави Rebecca Reinermann, маркетинг менаџер на Opel and Vauxhall.
Кога светот на стриповите станува реалност: новата Opel Frontera како секојдневен херој
Централниот дел од кампањата за Frontera, која може да се види на повеќе канали од денес, е 90-секундна „херојска“ реклама: Млад татко влегува во мала продавница за играчки и стрипови. Неговиот поглед паѓа на магичен стрип. На корицата: новата Frontera. И стрипот оживува. Во
Контакт // Ана Јовановска, Менаџер за медиуми и односи со јавност
[email protected] / 072/260-206 кратки секвенци и од слика до слика, Frontera покажува што може да направи. Мислите на таткото стануваат реалност: „толку многу простор. Се користи лесно. Се полни брзо. Одлични светла. Простор за седуммина. Неверојатни седишта – импресивно!“ Со разиграниот стил на стрип, краткиот филм ја позиционира Frontera како врвен суперхерој, подготвен за сè што секојдневниот живот им го носи на семејствата во однос на потребите за мобилност.
Вистинската супермоќ на Opel Frontera е нејзиниот фокус на основните работи во секој детаљ. Ова започнува со јасниот, робустен изглед и продолжува во воздушестиот, флексибилен ентериер. Бројни решенија кои се исто толку паметни колку што се и практични. Frontera овозможува до околу 1.600 литри простор за багаж. Со патентираната функција Intelli-Seat за возачот и совозачот, Opel повторно ги прави иновациите за седиштата достапни за широк спектар на клиенти. Покрај тоа, инфозабавниот систем и другите системи кај Frontera, за разлика од многу нови патнички автомобили, можат да се управуваат лесно и интуитивно. На пример, Frontera Hybrid од основно ниво на опременост доаѓа со станица за паметни телефони како стандард што им овозможува на патниците да го користат својот мобилен уред како извор на инфозабава.
Секоја Frontera е електрифицирана, што ја прави поефикасна и во исто време погодна за секојдневна употреба. На пример, целосно електричната Frontera Electric со моќност од 83 kW (113 КС) и батерија од 44 kWh (употреблив капацитет) може да помине до 305 km (според WLTP) со едно полнење. За да се наполни батеријата до 80% од капацитетот потребни се само 26 минути на станица за брзо полнење од 100 kW DC. А со верзијата со долг опсег, што ќе следи во иднина, ќе биде можно да се поминат до околу 400 km (привремен податоци за опсегот, според WLTP) пред електричниот автомобил треба да се полни. Сето ова покажува дека Frontera е вистински секојдневен херој. За кампањата не е потребна дополнителна изјава или слоган, поради што одговорните намерно се воздржаа од нивно користење. Името Frontera кажува сè. Таа претставува нов вид фокусирана мобилност, слобода и безбедност. Оваа централна порака е пренесена преку рекламните мерки на кампања на новата Frontera кои сега можат да се видат и слушнат: од ТВ, кино и радио спотови до дигитални и социјални медиуми, печатени реклами и постери за надворешни активности во големи размери. Со својата извонредна графичка имплементација во стрип стил, кампања за новата Fronterа го продолжува свежиот и неконвенционален начин на новите маркетиншки кампањи како што се ‘Yes, of Corsa’ и „#GOGRAND“, со кои Opel и Jung von Matt веќе успешно го позиционираа најпродаваниот мал автомобил Opel Corsa и новиот врвен SUV Opel Grandland.