Денес започна изградбата на голем парк во Радишани, којшто ќе се простира на површина од 10.000 метри квадратни. Истовремено, како што информира градоначалникот Дарко Костовски, ќе се изгради голем плоштад и пешачки патеки на површина од 4.000 метри квадратни. Паркот ќе содржи големо детско игралиште, со мека подлога и зелена површина, а целиот комплекс ќе биде осветлен со лед осветлување.
Местото наскоро ќе почне да го добива својот лик, работите започнаа да се одвиваат со полна пареа за овие мои сограѓани да го имаат тоа што го заслужуваат и што го чекаат со децении. Убедени сме дека ова ќе биде ново централно место во населба Радишани на кое сите ќе се собираме и ќе се дружиме. Продолжуваме да креираме иднина, преку дела кои граѓаните на општина Бутел ги заслужуваат, вели градоначалникот Костовски. Изградбата на паркот и сите содржини во него ќе чини 20 милиони денари, а се гради со средства добиени од Владата Костовски посочи дека во Радишани во моментов се реализираат неколку проекти, се реконструираат три големи клучни сообраќајници, а најави и изградба на затворен базен во ОУ „Ацо Шопов“, проект ко,ј како што рече, е многу баран од жителите, за кој е при крај проектната документација, па потоа ќе се аплицира за средства од Владата. Тој додаде дека при крај е и изработка на ветениот проект за поликлиника во општина Бутел, како и за изградба на плоштад во Бутел 1, каде ќе има и Дом на култура. На почетокот на изградбата на паркот приџсуствуваа и премиерот Христијан Мицкоски и министрите Александар Николоски и Златко Перински.