Двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани, кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, се преместени од Интензивна нега на одделение на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.
Во соопштението од Клиничкиот центар се нагласува дека „нивната здравствена сотојба е стабилна“. Пациентите беа примени во Воената болница во Ниш, а потоа префрлени на Универзитетскиот клинички центар.