Во центарот на Скопје изгоре угостителски објект. Станува збор за познат ресторан на улицата „50-та Дивизија“ во непосредна близина на Клиничкиот Центар во Скопје. Пожарот е изгаснат, а има сомнежи дека е подметнат. Полицијата истражува како избувнал.
Денеска (16.04.2025) околу 03 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје