24.8 C
Скопје
29/04/2025 15:55
МАКТЕЛ

     

Поздравно обраќање на претседателот Гаши на седницата на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка на ПАБСЕК

      

Почитувани членови на Комисијата,
Почитувани пратеници,
Екселенции,
Дами и господа,

Дозволете ми, најнапред, да изразам искрено задоволство и добредојде до сите вас во Собранието на Република Северна Македонија, по повод одржувањето на седницата на Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка при Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка. Вашето присуство овде не е само дипломатски гест – тоа е потврда на нашата заедничка волја да продолжиме со конструктивна соработка, да ги продлабочиме институционалните врски и да изградиме правно и политички стабилен регион. Оваа Комисија е сржта на тие напори – место каде што правото и политиката не се во судир, туку во синергија.
Во текот на изминатите децении, ПАБСЕК се потврди како платформа која не само што поврзува парламенти, туку гради доверба меѓу нации, стимулира економска соработка и поттикнува демократија. Денес, повеќе од кога било, ни е потребен ваков пристап, кој се темели врз почитување на меѓународното право, дијалог и инклузивност.

   

Во еден свет во кој често сме сведоци на подривање на правните системи, растечки авторитаризам и отежнат мултилатерализам, нашата обврска како парламентарци е да останеме гласници на законитоста, на демократијата и на транспарентноста. Неопходно е да се потсетуваме дека парламентите не се само институции за носење закони – тие се чувари на вредностите кои ги надминуваат националните граници.
Комисијата за правни прашања и меѓународна соработка има суштинска улога во формулирањето на заедничките ставови и стратешки насоки во рамки на ПАБСЕК. Нејзината работа влијае врз создавање на законодавни рамки кои го олеснуваат регионалниот развој, но и ги зајакнуваат човековите права, доброто владеење и одговорноста на институциите.

Република Северна Македонија, активно се стреми кон продлабочување на своето учество во сите тела на ПАБСЕК. Ние сме убедени дека само преку отворен дијалог, заеднички приоритети и воспоставување на доверба, можеме да изградиме посилна и поодржлива регионална архитектура.
Дополнително, оваа седница се одржува во период на значајни геополитички текови кои ги засегаат сите нас. Во таа смисла, токму парламентите се тие што треба да бидат сврзното ткиво меѓу граѓаните и процесите на донесување одлуки. Ние, како претставници на народот, сме повикани не само да реагираме, туку и да предвидуваме – да ја градиме иднината со одговорност и визија.
Убеден сум дека дискусиите и заклучоците од оваа седница ќе придонесат кон понатамошно развивање на правната соработка во регионот и ќе отворат нови перспективи за парламентарен ангажман. Исто така, ова е можност за размена на искуства, за унапредување на добрите практики и за воспоставување на партнерства кои ќе бидат од корист на сите граѓани во поширокиот регион на Црното Море.

Почитувани присутни, Нека оваа седница биде потсетник дека парламентите, колку и да се различни во структурата и историјата, имаат заедничка мисија: да бидат гласот на разумот, мостот меѓу нациите и бранителите на мирот и стабилноста.
Со таа мисла, Ви посакувам успешна и продуктивна работа, плодна размена на идеи, и пред сè, заедничко чувство на посветеност на мисијата што нè обединува.
Ви благодарам!

Скопје, 29 април 2025 година

  

Најново

Одржан Форум за интелектуална сопственост во организација на АЕТСМ и АмЧам

Sase Ivanovski

Приведен возач на патот Гостивар-Тетово, управувал возило со брзина од 151 км на час на место каде е дозволено 80 км на час

Sase Ivanovski

Приведен возач од Македонски Брод затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Sase Ivanovski

Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од четири години и 10 месеци, се обидел илегално да ја премине границата

Sase Ivanovski

АСОМ донира 2 милиони денари за настраданите во трагедијата во Кочани

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните ќе победат на следните локални избори, не само во Скопје, во најголем дел од општините низ Македонија

Sase Ivanovski

Првата Антикорупционерка останува недостапна за прашањата на медиумите дали ќе си поднесе оставка по сомнежот за нејзина вмешаност во случајот „Адитив“

Sase Ivanovski

Метаподатоци: Се бара решение за законот што овозможува масовно следење

Sase Ivanovski

Дали некогаш сте виделе картелски гробишта?!

Sase Ivanovski

Куртовиќ останува во притвор до правосилност на пресудата за убиството на Ефтимов

Sase Ivanovski

Тошковски: Безбедното учество во сообраќајот е многу значајно и обврска на сите нас

Sase Ivanovski

Од 24 до 27 април 2025 година на Интернационалниот балкански универзитет во Скопје се одржа конгрес организиран од Асоцијацијата на доктори специјалисти по анестезија и реанимација (ARUD)

Sase Ivanovski

Неисправно возило на АРМ украдено од автосервис во Гази Баба

Sase Ivanovski

Масовниот прекин на електричната енергија ги потопи во темнина Шпанија, Португалија и делови од јужна Франција, нарушувајќи го секојдневниот живот во целиот регион на 28 април

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Извадок на дел од дневни настани 29.04.2025

Sase Ivanovski

ПАБСЕК: Со регионална и парламентарна соработка во борба против организираниот криминал

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Скандалот со Стефковски покажа колкав распад се случува во МВР

Sase Ivanovski

Божиновска: Кога ќе се воведат правила – резултатите не изостануваат!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Морален пораз за Тошковски е тоа што советничка поднесе оставка за трагедијата во Кочани, а тој не

Sase Ivanovski

Без образложение, Министерството за внатрешни работи реши да ги покачи цените на обрасците што ги издава за постојан престој на странец и за привремен престој на странец

Sase Ivanovski

Министерство за внатрешни работи: Државниот секретар во МВР Петрушевски оствари средба со амбасадорката на Романија во Р.С.Македонија Аксинте

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Манасиевски: Кога Филипче вели дека народот треба да учи од Заев, дали мисли на криминалот од 8 милиони во Глобал?

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Пратеникот од Кочани, Миле Лефков, не излезе пред сограѓаните, семејствата на загинатите во Пулс, кои беа пред Собранието: Тие лути и гневни, прашаа, дали знае со чии гласови доби пратеничко столче

Sase Ivanovski

Се одбележаа 24 години од масакрот врз осумте припадници на безбедносните сили што се случи на 28-ми април 2001-ва година помеѓу селата Селце и Вејце на Шар планина во месноста Бреза

Sase Ivanovski

Општина Чаир има чест да ги покани претставниците на медиумите на прес-конференција што ќе се одржи во среда, на 30 април 2025 година, со почеток во 11:00 часот, во објектот на Општина Чаир

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: За мандатот на Тошковски во Прилеп се запалени 24 возила, градот е опасно место за живеење

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Талески: Безброј скандали во МВР, интерепелацијата за Тошковски е глас за враќање на безбедноста на граѓаните

Sase Ivanovski

Муцунски: Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Мицкоски на Конгрес на ЕПП работи на афирмација на позициите на Македонија во контекст на ЕУ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) СДСМ: Обвинителството да го истражи скандалот со Стефковски и да утврди одговорност за сите

Sase Ivanovski

Средба на заменик министерот за внатрешни работи Исени со амбасадорот на Р. Бугарија во Р.С.Македонија Н.Е. Радуков

Sase Ivanovski

Соколанскиот парк во Куманово од вчера е затворен поради санирање на оштетените делови од подлогата

Sase Ivanovski

Massive Attack гордо ѕиркаат од празните скопски улици…

Sase Ivanovski

„Го криеле криминалот – тие се соучесници“, обвинува Владимир Апостолов, татко на жртва од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани пред зградата на Обвинителството во Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Се бараат оставки од обвинители и политичари, семејствата на жртвите од Кочани гневни поради нефункционалната држава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Родителите на загинатите во трагичната несреќа влегоа на средба со јавниот обвинител во ОЈО Скопје

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Александар Николоски: Во овој момент имаме отворен фронт за работа на 68 километри автопат

Sase Ivanovski

360 degrees – Дали кризата во ВЛЕН води кон предвремени парламентарни избори

Sase Ivanovski

СДСМ обвинува дека била скината казна за брзо возење на брат на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и била пишана на друг возач

Sase Ivanovski

Делегација на пратеници од Македонија ја виде американската демократија на дело преку програмата Отворен свет

Sase Ivanovski

“На кавга со Иван“ – Арбен Таравари

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Такси возач качен на автомобил не дава да му го крене пајак

Sase Ivanovski

Како украинските и руските војници го менуваат своето оружје

Sase Ivanovski

Млади овчари плата 400 евра

Sase Ivanovski

Како се прави еден од најпознатите алкохолни пијалоци во светот, текилата…

Sase Ivanovski

Горан Пандев: Со Бугарија игравме како браќа

Sase Ivanovski

Кој врши контрола на противпожарните мерки во станбените згради?

Sase Ivanovski

САД градат ново мегаструктурно седиште во Либан на над 43 хектари како „Амбасада“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Првиот белоруски моторцикл…

Sase Ivanovski

Сите мислевме дека се само еден куп старци, но всушност тие беа генијални…

Sase Ivanovski

Сузана Костовска, медицинска сестра во Клиника Жан Митрев – 25 години на патот на иновациите и медицинските достигнувања

Sase Ivanovski

Почина Кирил Киркиновски, член на Општинската организација на СДСМ Чаир

Sase Ivanovski

Благодарница на градоначалникот за посебен придонес и соработка со ГШК Куманово

Sase Ivanovski

Лазаревска: Социјални станови се градат низ целата држава, а во Куманово ќе се градат три објекти за комерцијална продажба

Sase Ivanovski

Битиќи: Владата не враќа ДДВ, не исплаќа плати и енормно се задолжува кај домашните банки

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ до Бујар Османи: Единствениот свет во кој е ДУИ е светот на корупцијата!

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека Владата ги вложува сите сили, Македонија да се стави на брза трка за економски раст и развој, затоа над 60% ќе излезат на гласање ако утре има избори

Sase Ivanovski

СДСМ: И според Светска банка, Македонија ќе биде на дното во регионот по економски раст

Sase Ivanovski

СДСМ: Дали градоначалникот Стефковски се јавувал во МВР за ослободување на својот брат? 

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче, кој е воодушевен од Заев, сака власт за да ја имплементира неговата разработена шема – евро за Вицето?

Sase Ivanovski

Филипче: Владата работи спротивно на интересите на граѓаните, Радовиш е една од општините каде може да победиме

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Уставниот суд е најнереформираниот државен орган

Sase Ivanovski

Ѓорѓиевски: Без разлика дали јас ќе бидам кандидат, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите за градоначалник на Скопје

Sase Ivanovski

ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски на дводневен Конгрес на Европската народна партија во Валенсија, Шпанија

Sase Ivanovski

🎉Триесет и три години од основањето на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши (1992-2025)

Sase Ivanovski

Новиот папа ќе наследи и повеќемилионска дупка во финансиите на Ватикан

Sase Ivanovski

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Чадиковски: Првото дете ѝ беше оперирано од срце во понеделник, во вторник се породи со второ – само мајка може да издржи сè

Sase Ivanovski

Нуклеарната закана и шансите за договор: Каде се црвените линии на САД и Иран?

Sase Ivanovski

САД ќе го укинат бесплатниот азил за имигранти, аплицирањето може да чини 1.000 долари

Sase Ivanovski

Се нормализираше снабдувањето со струја во Шпанија

Sase Ivanovski

Сиљановска-Давкова: Потребна е реформа на Уставниот суд

Sase Ivanovski

Марк Карни победи на изборите во Канада: Трамп никогаш нема да нѐ покори

Sase Ivanovski

Стејт департментот ја одобри продажбата на системот „Патриот“ на Романија

Sase Ivanovski

Американскиот мировен план за Украина – Компромис или капитулација пред Европа?

Sase Ivanovski

Администрацијата на Трамп спроведува истрага на „Харвард“

Sase Ivanovski

Пратениците ќе расправаат за интерпелацијата на Тошковски

Sase Ivanovski

Истрага против дилер на марихуана од Радовиш

Sase Ivanovski

Времето денеска сончево со максимална температура до 25 степени

Sase Ivanovski

Семејствата на настраданите во „Пулс“ денеска на протестен марш во Скопје

Sase Ivanovski

Тројца повредени во пожарот во Кочани се враќаат дома од Варна

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Ужас во Нови Сад – возач на „БМВ“ покоси четворица тинејџери кои чекале автобус

Sase Ivanovski
Вчитувам....