Возач и неговата сопатничка, двајцата од Скопје, ги загубија животите во тешката сообраќајна несреќа која вчера попладне се случи на крстосница од бул.„Никола Карев“ и бул.„8 Септември“ во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од С.И.(47) од Скопје, излетал од коловозот и удрил во бетонски столб.
-Од здобиените повреди, возачот и неговата сопатничка А.Н.(32) од Скопје починале на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, велат од МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телата на починатите се предадени во Судска медицина на обдукција.