Да си ВМРО ДПМНЕ и да победиш на избори во Македонија е како да си тркач од Јамајка и да победиш на сто метра, значи нешто најномрално и најлесно на свет. Македонците се по дифолт десничарски настроени. Значи тоа е еден фактор. Втор фактор е неверојатната медиска машина на ВМРО ДПМНЕ која мелеше безмилосно овие 7 години, СДСМ немаше ниту блиску од пандан и одговор на тој медиски БЛИЦКРИГ од белата палата. Трет фактор за големата победа е огромната енергија која ја покажа Христијан Мицковски, човекот беше неуморен, секој ден беше на терен по општини, на конференции дома и во странство, на интервјуа, од утро до мрак агитираше, збореше, клекињаше на колена на бини на митинзи, држеше говови кои траеа и по неколку часа, со зарипнат глас, навистина ангажман кој импресионира!
Сега останува да видеме како таа љубов кон власта е поради љубов кон државата и народот и како таа љубов ќе се манифестира, преку диктатура и судир со сите наши соседи, западот и малцинствата, или пак сиот тој ангажман е за лична корист и претворање на државата во слепо црево и небезбедна вукојебина за што цената ќе ја плати народот со сиромаштија и иселување. Мактел ќе пофали се што е добра политика а ќе го критикува секој лош потег на новата влада. Нека е честита победата и посакувам многу успеси и триумфи за државата. И најважно, да има мир и спокој во земјата!