Премиерот на Естонија Кристен Михал, од Партијата на реформите, денеска објави дека ќе ја исклучи Социјалдемократската партија од владејачката коалиција поради несогласувања околу даночната политика. Со ова, владината коалиција ќе остане со кревко парламентарно мнозинство, посочуваат локалните меидуми..
– Во време кога мора да се носат итни одлуки, не може некој постојано да се навраќа на својата основа и да бара бескрајно преиспитување, изјави Михал на прес-конференција. Во владата остануваат Партијата на реформите и „Естонија 200“, кои заедно располагаат со 52 пратенички места во 101-члениот парламент на земјата, нагласи премиерот.