Премиерот Христијан Мицкоски, по неколку дена пауза повторно се појави во јавноста и на новинарско прашање за најавените протести деновиве, рече дека станувало збор за политички глодари кои сакале да добијат поени. Според Мицкоски, протестите се демократска алатка на изразување незадволство, и тој бил нервозен од сето тоа што се случува.
„Се придржувам на изразувањето револт и гнев, оти многу работи останаа пред нас да се решат, но ќе се бориме до последно да направиме нешто во името на идните генерации кои доаѓаат. Политичките глодари сакаат преку овие протести да добијат некој политички поен. Ги разбирам сите кои одлучиле гневот да го изразат преку протест. Но, не можам никако да ги оправдам оние политички глодари и лешинари коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб, да не дозволи уништување на Македонија како држава“, изјави Мицкоски. Во однос на контролите во угостителските објекти низ државата, тој кажа дека тие се во тек и дека досега биле воочени огромни неправилности.