Здравствените власти на палестинската територија управувана од Хамас соопштија дека најмалку 18 лица биле убиени. Во израелски воздушен напад врз јужниот град Кан Јунис во Газа е убиен највисокиот политички лидер на Хамас, Салах ал-Бардавел, пишува Би-Би-Си. Здравствените власти на палестинската територија управувана од Хамас соопштија дека најмалку 18 лица биле убиени во Кан Јунис и појужно во Рафах досега. Хамас го обвинија Израел дека го прекршува првичниот договор за прекин на огнот.
Планот предвидуваше повлекување на израелските трупи и последователно ослободување на израелските заложници и палестински затвореници – покрај преговори за целосно завршување на војната и реконструкција на Газа. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху неделава повтори дека главната цел на војната е да се уништи Хамас како воен и владејачки ентитет и да се принуди групата да ги предаде преостанатите заложници. Извор: Новинска агенција МЕТА