Полицијата во Флорида се шокирала кога видела дека возачот што го запрелa среде автопат било 10-годишно момче. Момчето и неговата 11-годишна сестра биле запрени во Алачуа, стотици километри од местото каде што нивната мајка ги пријавила за исчезнати истата недела, пренесува Би-Би-Си.
Полицијата соопшти дека децата побегнале од дома откако мајка им им ги конфискувала електронските уреди.
„На нивно големо изненадување, полицајците забележаа 10-годишно момче возач како излегува, заедно со неговата сестра“, велат тие.
Канцеларијата на шерифот на округот Алачуа го опишла инцидентот како „висок ризик“, кој се случил доцна во ноќта, 03:50 по локално време. Белата лимузина во која патувале двајцата била пријавена за исчезната од нивната мајка во Норт Порт, Флорида, град на повеќе од 320 километри од Алачуа.
Полицајците дознале дека „двете деца биле вознемирени од нивната мајка бидејќи им ги одзела електронските уреди, што се верува дека е направено затоа што не ги користеле соодветно“, соопшти канцеларијата на шерифот.
Полицијата додаде дека нема причина да се верува дека биле малтретирани дома. Мајката на децата возела три часа на север до Алачуа за да ги собере своите деца.
„Нашите детективи долго разговараа со нивната мајка, која јасно даваше се од себе за да одгледа две мали деца и беше многу приемчива за препораките што ги дадоа за да и помогнат да добие помош“, соопшти полицијата.
Законската возраст за да се добие дозвола за ученик во Флорида е 15 години, додека возачите мора да имаат 18 години за да аплицираат за целосна дозвола.