Полициските службеници ги потсетуваат граѓаните и туристите за потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат. Претставници на СВР Охрид деновиве спроведува превентивно-едукативни активности за да се заштитат граѓаните и туристите кои престојуваат во Охрид, од сторители на кражби, џебни кражби и други имотни деликти. Како што информираат оттаму, полициски службеници од отсекот за превенција, на повеќе локации во градот, се среќаваат со граѓани и туристи кои престојуваат во Охрид и ги посетуваат туристичките комплекси на подрачјето и низ разговори, ги потсетуваат на потребата од поголема грижа за паричниците и другите лични и вредни предмети што ги имаат, да не ги оставаат необезбедени со што стануваат лесно достапни до сторителите и се предмет на кражби и џепни кражби.
„Прецизно им се укажува на можните форми и начини на вршење на овие кривични дела, како и за неопходните основни мерки за заштита од сторителите на имотните и други деликти. На граѓаните и туристите, им се делат едукативни флаери со низа практични совети, со цел поефикасна заштита на нивните вредни предмети и друга лична сопственост, како и зголемување на нивната безбедносна култура“, наведено е во соопштението од СВР Охрид. Извор: Новинска агенција МЕТА