Полицијата информира дека во домот на 29-годишен жител на скопската населба Чаир, полицијата при претрес пронашла голем арсенал оружје, муниција и експлозивни средства.
„На 08.06.2025 во 20:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р., постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Бит-пазар физички ја нападнал неговата 33-годишна сопруга, при што употребил и тврд предмет. Подоцна, со наредба од Основен кривичен суд Скопје, бил извршен претрес во неговиорт дом и биле пронајдени и одземени 1.167 куршуми од различен калибар, автоматска пушка калибар 7.62 х 39 мм, пиштол „Зораки“ за светлосна звучна сигнализација преправен во огнено оружје калибар 7.65 мм, полуавтоматски пиштол „Рангер“ калибар 9 мм, пневматски пиштол, една рачна граната, рамки за автоматско оружје, футроли за пиштоли, делови од огнено оружје, ножеви и други остри предмети и други предмети за кои постои основи на сомнение дека потекнуваат од кривично дело“, се вели во полициското соопштение. На осомничениот му е одреден притвор од 30 дена.