Канадската полиција застрела 30-годишен маж пред терминалот за полетување на аеродромот Пирсон во Торонто, соопштија официјални лица. „Полицајците го пронајдоа мажот, а првичните информации покажуваат дека имал огнено оружје“, се вели во соопштението на специјалната истражна единица (СИУ), пренесе АП.
Се додава дека тројца полицајци од регионот Пил пукале кон мажот. Засега нема пријавени закани за јавноста, а нема ниту повредени полицајци, соопшти СИУ. Полицијата претходно го опиша пукањето како изолиран инцидент, а не беа пријавени никакви подоцнежни инциденти. Во соопштението до патниците, аеродромот Пирсон рече дека летовите продолжиле без прекин и покрај истрагата, пренесува Танјуг.